Хилдерик I
From Wikipedia, the free encyclopedia
Хилдерик I (c. 440 – 481/82) бил меровиншки крал на Салиските Франки и татко на Хлодовик.
Хилдерик I | |
---|---|
Прстенот на Хилдерик I со натпис CHILDERICI REGIS ("На кралот Хилдерик"), пронајден во неговиот гроб воТурне, Белгија, денес во Национална библиотека на Франција[б 1] | |
Крал на Салиските Франки | |
На престол | 457–481/82 |
Претходник | Меровех[1] |
Наследник | Хлодовик I |
Роден(а) | околу 440 |
Починал(а) | 481/82 Турне |
Почивалиште | Турне |
Сопружник | Базина од Тирингија |
Деца | Хлодовик I Аудофледа, кралица на Остроготите Лантилда Албофлед |
Династија | Меровинзи |
Татко | Меровех |
Тој го наследил својот татко Меровех како крал, во 457 или 458 (?). Неговото име составено од франкиските елементи hild- « битка » et -rīk « моќен », се потврдува со латинизираната форма Childericus.[2][б 2] Хилдерик, заедно со неговата воена дружина основал своја претолнина во Турне, на земјата што ја добил како федератус на Римјаните и одредено време го одржувал мирот меѓу неговите сојузници.
Во 463 во Орлеан, здружено со римскиот генерал Егидиј, чија база била во Соасон, ги поразил Визиготите, кои сакале да го прошират своето влијание долж бреговите на Лоара. По смртта на Егидиј, прво му помогнал на комесот ("грофот") Пол од Анже да ги порази Готите. Грофот Пол бил убиен и Хилдерик го преземал градот. Откако го ослободил градот Анже, ги протерал Саксоните до устието на Лоара и таму ги масакрирал. Според Григориј Турски, ги дружил силите и со Одоацер за да ги спречи Алеманите кои сакале да ја нападнат Италија.
Приказните за неговото протерување од страна на Франките, чии жени ги грабнувал, за неговиот осумгодишен престој во Турунгија со Кралот Базин и неговата жена Базина, за неговото враќање кога некој верен слуга го посоветувал дека безбедно ќе може да се врати ако му прати половината од златото што го зел со себе, и за пристигнувањето на кралицата Базина во Турне, со која се оженил, потекнуваат од делото Книги за историјата на Григориј Турски (латински: Libri Historiarum) (Книга ii.12).
Хилдерик е првиот крал од династијата Меровинзи чие поколение е потврдено[3]. Тој умрел во 481 и бил погребан во Турне. Неговиот гроб, откриен во 1653 година, содржел оружје како спата (меч со широко сечило), франциска и скрамасакса. Исто така, многу златен накит и палудамент, наметка (обично пурпурна) каква што носеле римските генерали. Негов син бил Хлодовик, кој подоцна станал крал на Франките.