Цариградска патријаршија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Цариградска патријаршија позната и како Вселенска патријаршија (грчки: Οἰκουμενικὸν Πατριαρχεῖον Κωνσταντινουπόλεως, Oikoumenikòn Patriarcheîon Kōnstantinoupóleōs; турски: Rum Ortodoks Patrikhanesiе [4][5]) — една од четиринаесетте автокефални православни цркви, со седиште во Истанбул, Турција. На нејзино чело стои Вселенски Патријарх, кој има статус на "прв меѓу еднаквите" од останатите православни епископи во светот.
Кратки факти Вселенска патријаршија, Класификација ...
Вселенска патријаршија | |
---|---|
Класификација | Православие |
Поглавар | Архиепископ на Константинопол-Новиот Рим и Вселенски патријарх Вартоломеј I |
Парохии | 525 (во САД)[1] |
Монаси | ~1,800 (Света Гора) |
Манастири | 20 (САД),[1] 20 (Света Гора), 8 (Австралија), 6 (Метеора), 2 (Кореја) |
Јазик | грчки, англиски, украински, француски, корејски, турски |
Седиште | Црква „Свети Ѓорѓи“, Истанбул 41°01′45″N 28°57′06″E |
Територија | Истанбул, поголемиот дел од Турција, Света Гора, Крит, дел од северна Грција, Додеканезите, Кореја, грчките и украинските православни цркви во дијаспората |
Основач | Апостол Андреј |
Членови | ~5,000 во Турција,[2][3] ~3,800,000 во Грција, ~1,500,000 во дијаспората, =5,305,000 вкупно. |
Мрежно место | ec-patr.org |
Затвори
Моментален патријарх и духовен водач[6] на околу 300 милиони православни христијани во светот[7] е Вартоломеј I.