Црнила (драма)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Црнила — драма на македонскиот драмски писател Коле Чашуле. Дејството во драмата се случува во 1921 година во Софија[1]. Коле Чашуле е прв автор кој на ваков начин напишал за македонските црнила, за антимакедонштината. Инспирација за да го напише делото му бил вистински , историски настан, убиството на Ѓорче Петров. Идејата е да се прикаже осуда на моралниот пад, "братоубиство" , забивање на нож во грбот-како честа појава во нашата мрачна историја. Темата е убиството, атентат врз Ѓорче Петров од негови соработници. Оваа драма е драма на идеја, драма со теза, драма на апсурдот на една личност, македонска современа драма. Во драмата ликовите се типични херои на едно време и една средина. Тоа се морални престапници кои работаат против својата земја и сопствениот народ. Во оваа драма е прикажан само мал сегмент од нашата историја, сегмент од македонското самоуништување, една македонска тажна страница.