река на границата на Северна Кореја со Кина From Wikipedia, the free encyclopedia
Јалу (кинески: 鸭绿江, манџурски: ᠶᠠᠯᡠ
ᡠᠯᠠ) или Амнок (корејски: 압록강) — река на границата помеѓу Северна Кореја и Кина. Заедно со реката Тумен на исток и мал дел од планината Пекту, Јалу ја образува границата помеѓу Северна Кореја и Кина на подрачјето познато по низа воени судири низ историјата, како што се Првата кинеско јапонска војна и Руско-јапонската војна, Втората светска војна и Корејската војна.
Јалу 鸭绿江, ᠶᠠᠯᡠ ᡠᠯᠠ | |
Амнок (압록강; 鴨綠江) | |
Потекло на името: граница + река (манџурски) | |
Земји | Кина, Северна Кореја |
---|---|
Покраини | Ѓилин (Кина), Љаонинг (Кина), Рјанганг (С. Кореја), Чаганг (С. Кореја), Северен Пјонган (С. Кореја), САР Синујџу (С. Кореја) |
Извор | Пекту |
Утока | Корејски Залив |
Должина | 790 км |
Местоположба на Јалу
|
Постојат две претпоставки за потеклото на името „Јалу“. Според една, доаѓа од манџурскиот поим „Јалв ула“, што значи Погранична река. Доколку истиот поим се чита на мандарински, смислата е „паткина зелена“ поради некогашната боја на реката. Друга претпоставка е дека името е кованка од реките што ја образуваат, наречени Ја (鴨) и Лу (綠).[1]
Реката извира на надморска височина од 2.500 м во граничниот појас на планината Пекту. Тече во јужен правец до градот Хесан, па тече 130 км на северозапад до Линѓанг (Кина), па се навраќа во појужен правец и тече 300 км за на крај да заврши во Корејскиот Залив помеѓу Дандунг (Кина) и Синујџу (Северна Кореја). The bordering Chinese provinces are Ѓилин и Љаонинг.
Реката е долга 795 км, а сливот зафаќа површина од 30.000 км2 of land. Нејзина најголеми притоки се притоки Чангчин (장진강; 長津江), Хочон (허천강; 虛川江), Тонгро (독로강; 禿魯江) и Aj (瑷河) од Кореја и реката Хун од Кина. Најголемиот дел од течението на Јалу е тешко пловен.[2] Зиме замрзнува и може да се премине пеш.[3]
Длабочината се движи од поплитките делови на источната страна на Хесан (1 м) до плодлабоките кај Жолтото Море (2,5 м).[4] Во устието има резерват за птици чија важност ја признава BirdLife International.[5]
По течението има вкупно 205 речни острови. Во 1962 г. е склучен договор меѓу Северна Кореја и Кина, делејќи ги островите во согласност со народот што живее на секој од нив. Северна Кореја има 127, а на Кина ѝ припаѓаат 78. Поради начинот на поделба, некои острови како Хвангкумпјонг ѝ припаѓаат на Северна Кореја, но се наоѓаат на кинеската страна на реката.
Сливот на Јалуе од големо историско значење. Тука настанало древното кралство Когурјо (고구려) кое потоа стекнало превласт како најголема сила на полуостровот. Долж реката има бројни остатоци од некогашни тврдини богати со разни наоди, како и тогашната престолнина на кралството (на чие место денес се наоѓа градот Ѓиан во Кина).
Островот Вихва на реката Јалу се прославил во историјата кога во 1388 г. војсководецот Ји Сонг-кје (подоцна Течо, прв крал на Чосон) решил да се упати на југ кон Кесонг во првиот од низата бунтови кои подоцна довеле до устоличувањето на династијата Ји.[6]
Поради стратешката погранична положба, на реката се одиграле неколку битки:
Корејската страна на Јалу доживеала темелна индустријализација за време на јапонската власт во Кореја (1910–1945), дотаму што во 1945 г. речиси 20 % од индустриското производство на Царството Јапонија доаѓало од Кореја. За време на Корејската војна, движењето на силите на ООН кон реката предизвикало голема кинеска интервенција од подрачјето околу Дандунг. Во текот на судирот се разнесени сите мостови освен еден ̶ Мостот на кинеско-корејското пријателство кој го поврзува Синујџу во С. Кореја со Дандунг во Кина. Долината во западниот крај на реката станала жариште на низа воздухопловни борби за воздушна превласт над Сеерна Кореја. Кинеската интервенција дошла по иницијатива на Мао Цетунг како одговор на плановите на американскиот генерал Даглас Мекартур за проширување на војната во НР Кина за да се собори комунистичкиот режим.
Почнувајќи од 1990-тите, Јалу служи како премин за севернокорејските граѓани кои пребегуваат во Кина[7]
Најголемото стопанско значење на реката Јалу е производството на хидроенергија. Од особено значење е браната „Супунг“, една од најголемите во Азија, со висина од 106 и должина преку 850 м, сместена спротиводно од Синујџу, Северна Кореја. Со неа е заезерен дел од реката, кој се нарекува Супуншко Езеро. Покрај тоа, реката има и сообраќајна улога во превозот на стоки, особено дрвена граѓа добиена од шумовитите брегови. Месното население, меѓу другото, се занимава и со риболов. Низводно од Супунг е браната „Тајпингван“. Спротиводно од Супунг лежи браната Јунфенг. Обете произведуваат струја.
Во делтата спротиводно од Дандунг и близу до Хушан има неколку севернокорејски села кои се сиромашни и без пристап до струјната мрежа.[8]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.