Јастребовидни
From Wikipedia, the free encyclopedia
Јастребовидни (науч. Accipitriformes) — предложен и делумно прифатен ред што ги опфаќа највеќето грабливи птици што ловат дење: јастребите, орлите, мршојадците и разни други птици (вкупно 225 вида). Долго време во минатото, овие птици се вбројувале во соколите, во состав на редот соколовидни (Falconiformes),[1][2][3][4] но неодамнешните испитувања на ДНК укажуваат на тоа дека соколите не се во блиско сродство со јастребовидните, туку се поблиски на папагаловидните и врапчевидните.[5] Оваа одвојување денес е усвоено од Меѓународниот орнитолошки конгрес (IOC)[6], како и комисиите за класификација на јужноамериканските и северноамериканските птици (SACC и NACC),[7][8] на Американскиот сојуз на орнитолозите,[9]
Јастребовидни Период: еоцен-денес, | |
---|---|
Црвеноопашест јастреб (Buteo jamaicensis) | |
Научна класификација [ у ] | |
Класа: | Птици |
Поткласа: | Нови птици |
Ред: | Јастребовидни |
Фамилии | |
јастреби (Accipitridae) |
Согласно класификациите на NACC и IOC, во редот влегуваат и американските мршојадци.[10][7] SACC ги става овие мршојадци во свој ред.[8] Оваа дилема постои уште од 1990-тите години. Статијава се води по класификацијата на првоспоменатите два органа.