From Wikipedia, the free encyclopedia
Нови птици или современи птици (науч. Neornithes) − поткласа која ги вклучува сите рецентни птици и нивните потомци.
Нови птици Период: креда–денес, | |
---|---|
Ној — старовилична птица | |
Обичен галеб — нововилична птица | |
Научна класификација [ у ] | |
Класа: | Птици |
Поткласа: | Нови птици Gadow, 1893[1] |
Редови | |
Подгрупи
|
Новите птици се одликуваат со пердуви, клун без заби (древните птици поседувале заби), несење на тврдочерупкести јајца, висок степен на метаболизам, четирикоморно срце и лесен, но цврст скелет. Кај сите птици предните екстремитети се изменети во крила и повеќето можат да летаат, со мали исклучоци (птици-тркачи, пингвини и неколку различн ендемски островски видови). Птиците исто така поседуваат единствен варен и дишен систем кои се високоприлагодени за лет. Некои птици, особено враните и папагалите, се меѓу најинтелигентните животински видови; неколку видови на птици користат и изработуваат различни алатки, а многу друштвени видови го предаваат своето знаење на наредните поколенија.
Многу видови на нови птици секоја година се селат, а други изведуваат пократки неправилни движења. Птиците се друштвени; тие комуницираат користејќи визуелни сигнали и преку повици и песни, а покажуваат и друштвено поведение, како кооперативно одгледување на подмладокот и ловење, здружување во јато и бркање на грабливците. Најголем дел од птиците се друштвено моногамни, обично во една сезона на парење, а некогаш и со години, но ретко цел живот.
Новите птици се поделени на два надреда: старовилични (Palaeognathae, каде припаѓаат скриеноопашните птици и нелетачките тркачки птици, како на пример ноевите), и многу разновидниот надред на нововилични (Neognathae, кој ги содржи сите останати птици). Во зависност од гледната точка на таксономијата, бројот на видови варира некаде од 8800 до 10200 опишани рецентни птици во светот. Општо е прифатено тврдењето дека новите птици еволуирале во Креда, како и тоа дека расчленувањето меѓу таксонот кокошкогуски (Galloanserae) и другите нововилични се случило пред кредотерциерното изумирање. Сепак, постојат различни размислувања во врска со тоа дали распространувањето на останатите нововилични се случило пред или по изумирањето на останатите диносауруси.[2] Ова недоразбирање делумно е предизвикано и од дивергенцијата во доказите, при што молекуларните истражувања укажуваат на кредско распространување, додека фосилните докази го поддржуваат терциерното распространување. Обидите со цел да се поистоветат молекуларните и фосилните докази се покажаа како контроверзни.[2][3]
Систематиката на новите птици е осетливо прашање. Сиблиевата & Алквистовата Филогенија и класификација на птиците (1990) е капитално дело во областа на систематиката на птиците, иако е често дискутирано и преуредувано. Поголем дел од доказите укажуваат на тоа дека редовите на нови птици сочинуваат точно определен таксон. Меѓутоа, научниците не се согласуваат за врските кои постојат меѓу редовите. Новите фосилни и молекуларни докази даваат поголема светлина на еволуцијата на редовите од нови птици.
|
Подолу е дадена список на систематските редови во поткласата Neornithes, односно нови птици.
Поткласа Neornithes
Забелешка: Оваа листа е основана на традиционалната систематика (т.н. Клементсови редови) - со додавање на широко прифатените разграноци (кладови) Galloanserae и Neoaves. Но, развиена е и радикално различна систематика основана на молекуларните податоци (т.н. Сибли-Монро или Сибли-Алквистова систематика).
Основни разгранувања (дивергенции) на новите птици по Сибли-Алквистовата систематика.
Neornithes |
| |||||||||||||||||||||||||||
„Нови птици“ на Ризницата ? |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.