река во Канада и Алјаска From Wikipedia, the free encyclopedia
Јукон (англиски: Yukon River) — голема река во северозападниот дел на Северна Америка. Извира во Британска Колумбија, Канада, па продолжува во територијата Јукон, која е наречена по неа. Долната половина од течението се наоѓа во сојузната држава Алјаска (САД). Долга е 3.190 км[2][3] и на крајот се влева во Беринговото Море во делтата Јукон-Кускоквим. Просечниот истек изнесува 6.430 м³/с,[1] а сливот зафаќа вкупна површина од 832.700 км²,[1] од кои 323.800 км² се во Канада (за 25% поголем од Тексас или Алберта).
Јукон Yukon River | |
Река | |
Јукон и притоката Чарли | |
Земји | Канада, САД |
---|---|
Подрачја | Алјаска |
Извор | ледникот Левелин |
- место | Атлин, Британска Колумбија, Канада |
- координати | 59°10′N 133°50′W |
Утока | Берингово Море |
- местоположба | Вејд Хемптон, Алјаска, САД |
- височина | 0 м |
- координати | 62°35′55″N 164°48′00″W |
Должина | 3.190 км |
Слив | 854.700 км2 |
Истек | |
- просечен | 6.430 м3/с |
[1][2] | |
Ова е најдолгата река во Алјаска и Јукон и важна сообраќајница за време на златната треска на Клондајк (1896–1903). Дел од течението (наречен „Триесет Милји“) е прогласен за национално богатство како единица на Меѓународниот историски парк на Златната треска на Клондајк.[4][5] По реката се движеле паробродови сè до отворањето на главниот автопат во 1950-тите.
Името Јукон доаѓа од гвичинскиот јазик и значи „Голема Река“. На среднојупички се нарекува Кујгпак, со исто значење.
Вкупно 70 племиња од Алјаска и Канада имаат посебен Меѓуплеменски совет на Јуконскиот слив кој има за цел да се бори за враќање на чистината и питкоста на водата.
Се смета дека извор на Јукон е ледникот Левелин на јужниот крај на езерото Атлин во Британска Колумбија. Постојат и мислења дека изворот е езерото Линдеман на северниот крај Чилкутскиот Пат. Во секој случај, водата од езерото Атлин се влева во езерото Тагиш (преку реката Атлин), како и водата од езерото Линдеман, откако ќе прво се преточи во езерото Бенет. Потоа водата од езерото Тагиш преоѓа во езерото Марш (преку реката Тагиш). Самата река Јукон почнува од северниот крај на езерото Марш, веднаш јужно од градот Вајтхорс. Северно од Вајтхорс, Јукон се проширува и навлегува во езерото Лаберж, познато од поемата „Кремирањето на Сем Мекги“ на Роберт В. Сервис. Други поголеми езера во Јуконскиот слив се Кусава (во реката Такхини) и Клуејн (во Клуејн, па реката Вајт).
Реката минува низ Вајтхорс, Кармакс, (пред слаповите Фајв Фингерс) и Досон во Јукон, па преминува во Алјаска, каде тече низ Игл, Серкл, Форт Јукон, Стивенс Вилиџ, Рампарт, Танана, Руби, Галина, Нулато, Грејлинг, Холи Крос, Рашан Мишон, Маршал, Пајлот Стејшон, Сент Мерис и Маунтин Вилиџ. По ова, коритото се разделува на голем број помали канали и се раширува во делтата. Тука има повеќе села како Нунам Иква, Алаканук, Емонак и Котлик, од кои најголемо е Емонак, со 760 жители (2000).
Поважни десни притоки на Јукон се: Тиислин, Биг Селмон, Литл Селмон, Пели, Стюарт, Клондајк, Поркјупајн, Надвизик, Тозитна, Милозитна, Чандалар, Којукук, Нулато, Атчуилингук, Андреевски.
Поважни леви притоки на Јукон се: Вајт, Чарли, Берч, Бивер, Танана, Јуки, Новитна, Иноко, Реиндир.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.