џамија во Скопје, Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Џамијата Худаверди — џамија во Скопје, сместена на потегот меѓу Куршумли ан и пазариштето Бит-пазар во Старата скопска чаршија. Се претпоставува дека е изградена кон крајот на 15. и почетокот на 16. век, а низ историјата била повеќепати уривана по што била обновувана. За последен пат е обновена во 1995 година по штетите настанати од земјотресот во 1963 година.[1][2]
Џамија Худаверди | |
---|---|
Основни податоци | |
Место | Скопје, Македонија |
Припадност | ислам |
Духовно-организациски статус | заштитено културно добро |
Архитектонски опис | |
Архитектонски тип | џамија |
Архитектонски стил | Османлиска архитектура |
Завршен | крај на 15. или почеток на 16. век |
Особености | |
Минариња | 1 |
Градбата била изградена во исламски стил, со примена на градежна техника од редење на тули и малтер, што денес е забележливо на минарето и на некои од останатите зачувани делови. Во својот првобитен изглед, објектот имал купола која била поставена над тамбур со шестаголна основа, а преминот од квадратниот во кружниот простор бил овозможен со помош на пандантифи. На краевите се наоѓале два многуаголни мермерни столба, украсени со пластика, кои служеле како потпора на сводната конструкција на тремот. Влезната порта на џамијата се наоѓа во средишниот дел од северниот ѕид и е сместена во мермерна рамка со мермерно изведен лак. Од двете страни на портата се наоѓа по еден прозорец, окружен со мермерна рамка и покриен со железни решетки, а од вантрешната страна се сочувани и дрвените крила од прозорците со метални украсни елементи. Првобитниот изглед на минарето не е познат, а истото било обновено во текот на 2012 година. Во долниот дел е со правоаголна основа, а преминот во кружното стебло е украсно изведен.[2]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.