Скопје

главен град на Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Скопјеmap
Remove ads

Скопјеглавен и најголем град во Македонија, кој воедно претставува административен, политички, стопански, културен, образовен и научен центар. Се наоѓа во северниот дел на државата, а во средишниот дел на Балканскиот Полуостров распространет на бреговите на реката Вардар. Камен мост се наоѓа крај реката Вардар. Македонски народен театар се наоѓа на булевар Св. Климент Охридски. Сули ан е тој сарај, кој се наоѓа во Старата чаршија во Скопје. МРТВ е приватна телевизиска станица во Македонија, а потоа Порта „Македонија“, Воин на коњ и Скопско кале се наоѓаат. Подоцна во 84 или 85 година царот Домицијан основал колонија Флавија Скупи, град со римски самоуправни права кој бил најголем на просторот од Солун на југ до Дунав на север. Во тоа време Скопје доживува голем развој и станува град со свој бискуп. Во Втората светска војна Скопје повторно е окупирано од Бугарија, сојузник на нацистичка Германија. На 22 април 1941 година бугарската Петта армија го окупира Скопје и остана во градот сè до 9 септември 1944 година. На 13 ноември 1944 година борците од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија на македонската војска и 16-та македонска бригада го ослободуваат Скопје од германската фашистичка окупација. Скопје е прв по големина град во Македонија според бројот на жители (2015 г.). На 6 август 2016 година Скопскиот Регион го зафати големо невреме, што резултира со силен ветар и полави. Во невремето животот го загубија 22 лица.

Кратки факти Скопје, Земја ...
Remove ads

Име

Thumb
Зградата на Археолошкиот музеј и Државниот архив. Во преден план е Мостот на цивилизациите кој води до зданието.

Градот Скопје во текот на своето постоење во зависност од историските прилики бил именуван со различни имиња. Античкото име е Скупи (латински: Scupi).[3]

Името на градот Скопје има различна транскрипција на различни јазици и култури. Градот е познат како Shkupi (Шкупи) на албански, Скопље/ Skoplje на српски/хрватски јазик, Scupi (Скупи) на латински, Скопье на руски, Skopiye (Скопије) на ромски, Σκόπια (Скопија) на грчки, Skopje на романски јазик, Üsküp (Ускуп) на турски, итн.

Во византиските документи градот е забележан како Скопија, а Словените го означувале и како Скопiе, Скопје, Скопље. За време на владеењето на цар Самоил, Скопје станува дел од Самоиловото Царство. Во подоцнежниот период градот потпаѓа под власт на Византија, Бугарија и Србија, а на 19 јануари 1392 градот го зазеле Османлиите и го добил името Ускуп (Üsküp).

Remove ads

Историја

Праисторија и антички период

Најстарите сведоштва и археолошки пронајдоци тврдат дека Скопје е населен уште од 4000 г.п.н.е.[4] Скопје за првпат во документи се споменува од Клавдиј Птоломеј под древното име Скупи. Името Скупи (колиба, засолниште, стреа) за првпат се јавува кај пајонското племе Агријани (Граи), кои живееле на овие простори.

Според историските податоци, во времето на царот Октавијан Август, од 13 до 11 година пред нашата ера, Скупи од логор (каструм) на двете македонски легии - 5-та македонска и 4-та скитска легија прераснал во град.

Подоцна во 84 или 85 година царот Домицијан основал колонија Флавија Скупи, град со римски самоуправни права кој бил најголем на просторот од Солун на југ до Дунав на север. Во тоа време Скопје доживува голем развој и станува град со свој бискуп.

Средновековна историја

Thumb
Скопското кале

За првпат градот е разурнат во катастрофалниот земјотрес на 28 април 518 година. По земјотресот Скупи веќе не се споменува, а скопската котлина добива нов град со името „Јустинијана Прима“.

На 16 април 1346 година во Скопје Стефан Душан бил крунисан за цар во присуство српскиот патријарх Јоаникиј и во него го донел познатиот Душанов законик.

Османлиски период

Градот потпаѓа под османлиска власт во 1392 година и набргу Скопје добива турско ориентално обележје. Во 1555 година градот повторно е разурнат од катастрофален земјотрес, но набрзо е обновен и станува турско воено упориште. Стопански брзо се развива особено во XVI и XVII век кога после Цариград станал еден од

најразвиените и најголеми градови во европскиот дел на Отоманското Царство, како и значаен занаетчиски и трговски центар. За сместување на трговците и нивната стока биле подигнати повеќе карвансараи и анови како Куршумли-ан, Сули-ан, Капан-ан и др. Патописецот Евлија Челебија ја споредил скопската чаршија со таа во Цариград. Според него во 1660-61 Скопје имало 12.000 куќи со околу 60.000 жители, потоа 2.150 дуќани, еден безистен, 70 јавни амами (бањи), 120 џамии, повеќе беговски конаци и сараи. Трговските карвани редовно одржувале врски со Солун, Белград и Дубровник.[5]

За скопската чаршија Евлија Челевија запишал:

Таа [чаршијата] брои 2.150 дуќани. Тука има плоштади и пазари, со сводови и куполи. Од сите најубави се: чаршијата на безазите (памучни ткаенини), чадорџиите, папуџиите, бојаџиите и ткајаџиите (капи). Тоа се големи чаршии изработени по план. Сокаците им се чисти и калдрмисани. Секој дуќан го красат зумбули, темјанушки, рози, босилек, јоргован и крин во вазни и саксии. Тие со својата миризба просто го опиваат мозокот на посетителите и трговците. Тука има образовани и многу чесни луѓе. За време на летните жеги сиот скопски пазар личи на багдадските сенки, зашто сите негови чаршии се со наткривени капаци и сводови како во Сараево и Халеп.

На 25 и 26 октомври 1689 година градот го освоил австрискиот генерал Силвио Пиколомини кој подоцна го запалил Скопје поради епидемија на чума и за да не им остави ништо на непријателите. Градот горел цели два дена и бил скоро целосно уништен.[6]

Голем дел од населението го напуштило градот, при што едни, главно Турци се населиле дури во Цариград каде го основале

Ускуб Маалото, а други најголем дел Македонци се придружиле на миграцискиот бран на Арсение Црноевиќ и се отселиле далеку на север во Панонската Низина.

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, градот Скопје го сочинувале 46 маала. Пет маала биле целосно христијански: Суќутли, Кади Чаирли, Булбул Заим, Јени Маало и Топхане. 19 маала биле мешани со христијанско и муслиманско население: Џами Атик, Ине Бег, Ибни Омер, Хаџи Балабан, Егит Паша, Џедид Иса-Бег со шеик Рамазан, Хаџи Јонус, Капуџи Хамза, Искендер Гази, Ибни Коџаџик, Кебир Мехмед Челеби, Ибни Мухтесеб, Ибни Пајко, Хаџи Лала, Дубаг Шахин, Ќатиб Шахин, Дервишан, Гази Ментеш и Хараџи Салахедин. Додека пак останатите 22 маала биле чисто муслимански: Кале, Хоџа Шемс, Мурадије, Ибни Чини, Худаверди, Ибни Меџри, Хатунџиклер, Исакие, Хаџи Гази, Хаџи Таџедин, Кара Капуџу, Хаџи Мудидин, Касим Гази, Исмаил Војвода, Емир Хоџа, Хазнедар Исмаил, Ибни Шахин, Хаџи Касим, Уруч Паша, Пазар Баши, Мухидин Челеби и Хаџи Хајредин. Во овој период во градот Скопје биле забележани 1.230 муслимански домаќинства и 578 христијански домаќинства. Во 1832/33 година биле родени 556 новороденчиња во градот, а вкупното население достигнувало и до 10.262 жители.[7][8]

Thumb
Пазарен ден во Скопје во почетокот на XX век

Во XIX век Скопје станало важен сообраќаен центар каде што почнува да цвета занаетчиството. Првата електрична светилка во Скопје засветила во 1909 година, со помош на мала дизел електрична централа, која служела за напојување на пумпната станица за потребите на градскиот водовод.[9]

На 25 октомври 1912 година, по 520-годишно владеење, Османлиите го напуштиле Скопје, а веќе наредниот ден во градот влегла Моравската дивизија на српската војска, со што градот потпаднал под српска власт.

Набрзо, Скопје било седиште на истоимената општина, посебната единица Окружен Град Скопје, и Скопскиот Округ. Скопје било единственото населено место во рамки на општината.[10]

Thumb
Старо Скопје - Офицерскиот дом на главниот плоштад во раните 1930-ти
Thumb
Дел од Скопје, до Камениот мост.
Thumb
Управата на градот Скопје, од 1927 година.

Првата и Втората светска војна

За време на Првата светска војна Скопје се наоѓа под окупација на бугарските и австроунгарските сили, а по завршување на војната станува дел од Кралството на Србите, Хрватите и Словенците.

Во Втората светска војна Скопје повторно е окупирано од Бугарија, сојузник на нацистичка Германија. На 22 април 1941 година бугарската Петта армија го окупира Скопје и остана во градот сè до 9 септември 1944 година. На 13 ноември 1944 година борците од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија на македонската војска и 16-та македонска бригада го ослободуваат Скопје од германската фашистичка окупација.

По ослободувањето од фашистичкиот окупатор на 13 ноември 1944 година, градот брзо се развива и станува индустриски, културен и административен центар на Социјалистичка Република Македонија која е во составот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија.

Земјотресот од 1963

Thumb
Хотел Македонија, кон плоштадот, ул. Никола Вапцаров, поплавата од 1962 во Скопје
Thumb
Земјотресот во Скопје од 1963 година: Самоиницијатвно граѓаните бараат затрупани и ранети

Во почетокот на ноември 1962 поради обилни дождови, реката Вардар го поплави Скопје. Поплавени беа околу 5000 куќи. Поплавата беше предвесник на една поголема трагедија неколку месеци подоцна.

На 26 јули 1963 година во 5:17 часот Скопје беше разурнато од земјотрес со јачина од 9 степени по Меркалиевата скала (6,1 според Рихтеровата сеизмичка скала). Под урнатините животот го загубија 1.070 негови граѓани, беа повредени над 4.000 граѓани. Повеќе од 90 отсто од зградите во градот беа урнати и над 20.000 граѓани оставени без покрив над главата.

По земјотресот градот почна да се гради по урнек по проектите на Кензо Танге и Адолф Циборовски. Старата железничка станица, денес е музеј на градот Скопје и симбол на големиот земјотрес. Часовникот на станицата е засекогаш сопрен на фаталните 5 часот и 17 минути изутрина.

Првата помош за граѓаните на Скопје дојде од војската и граѓаните на тогашните југословенски републики, а неколку дена по земјотресот започна да пристигнува и помош и спасувачки екипи од целиот свет. Точно 87 нации во светот испратија некаква помош во Скопје и помогнаа тој да се изгради повторно, и поради тоа градот го носи и епитетот „град на солидарноста“.

Современа историја

На 6 август 2016 година Скопскиот Регион го зафати големо невреме, што резултира со силен ветар и полави. Во невремето животот го загубија 22 лица.

Remove ads

Географски податоци

Скопје се наоѓа на 21° 26' географска должина и 42° северна географска ширина. Надморската височина во центарот на градот изнесува 240 м. Се простира на 1.818 км2 во широчина 9 км (Водно-Радишани) и во должина 23 км (Драчево - Ѓорче Петров). Градското подрачје зафаќа површина од 225 км2.

Климата во Скопје ја карактеризира средна годишна температура од околу 12,4 °C. Летата се долги суви и жешки, а зимите ладни со многу магловити денови. Низ скопската котлина протекуваат реката Вардар со своите притоки: Треска, Пчиња, Маркова Река, Лепенец и Кадина Река. Скопската Котлина ја опкружуваат планините: Водно, Караџица, Осој, Жеден и Скопска Црна Гора.

Повеќе информации Климатски податоци за Скопје, Месец ...

Скопски населби и маала

Видете: Скопски населби и маала

Територијална организација на Скопје

Главна статија: Град Скопје

Во градот Скопје има 10 општини: Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир и Шуто Оризари. Според бројот на жители, најголема општина е Аеродром со 98.382 жители, а најмала е Шуто Оризари со 17.357 жители. Според површината, најголема општина во градот Скопје е Сарај со 229 км2, а најмала е Чаир со 3,5 км2.

Remove ads

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Во турскиот пописен дефтер од 1467/68 година, Скопје било центар на Скопскиот Вилает и имал вкупно 1.006 семејства, од кои 634 муслимански семејства, 299 христијански семејства и 73 вдовици христијани.[14]

Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К’нчов (Македонија. Етнографија и статистика) од 1900 година, во Скопје живееле 31.900 жители, од кои 13.000 Македонци, 15.000 Турци, 1.920 Роми, 800 Евреи, 450 Власи, 150 Албанци христијани, 50 Грци, 30 Черкези и околу 500 останати.[15]

Според српскиот попис од 1913 година, спроведен после Втората балканска војна, Скопје имало 47,384 жители.[10]

Во 1921 година, Скопје имало 32,249 жители. Во 1931 година, Скопје имало 64,807 жители, од кои 35,967 мажи и 29,740 жени, сите сместени во 13,939 домаќинства и 8,958 згради.[16]

Од гледна точка на демографските движења на населението Скопје има позитивна популациона слика. Населението на градот постојано се зголемува пред сè поради големиот број доселувања (најчесто од градовите и селата од внатрешноста на Македонија), но и поради наталитетот. Мора да се спомене дека како и во целата земја и во Скопје бројот на раѓањата (наталитетот) драстично опаѓа меѓутоа како најголем и најразвиен град во државата стапката на раѓање сепак е највисока. Доселувањата во Скопје се во постојан подем и континуитет од крајот на Втората светска војна. Во периодот од 1948 до 1981 година бројот на жителите во градот се зголемил за повеќе од трипати. Луѓето денес во Скопје пред сè, се доселуваат поради стопанско-економски причини или поради продолжување на своето образование.

Пописот од 1991 година не бил целосно одржан во градот Скопје, бидејќи дел од неговото население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, во градот нема целосни податоци.[17]

Според новата територијална организација од 2004 година (припојување на општините Сарај и Кондово) во градот се регистрирани 506.926 жители (66,75% Македонци), меѓутоа околу 15% од тоа претставува селско население поради големиот број на села во составот на Општина Сарај.

Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, Скопје има 422.540 жители.

Народности во Скопје

На табелата е прикажан народносниот состав на населението во Скопје низ пописните години во периодот 1948 - 2021:[18]

Повеќе информации Години, Македонци ...

Број на жители во Скопје по општина

Повеќе информации Општина ...

1 Ги вклучува и жителите на селата Горно Водно и Долно Водно.

2 Ги вклучува и жителите на селото Горно Водно.

3 Ги вклучува и жителите на тринаесетте селa од Општина Кале: Бутел, Визбегово, Горно Оризари, Долно Оризари, Инџиково, Маџари, Гоце Делчев, Синѓелиќ, Смиљковци, Стајковци, и Трубарево; дванаесетте села од Општина Идадија: Бардовци, Влае, Волково, Глумово, Горно Нерези, Долно Нерези, Злокуќани, Матка, Ново Село, Оризари, Сарај и Шишево; засебната населба Драчево и трите села во Општина Кисела Вода: Горно Лисиче, Долно Лисиче, и Драчево.[23]

4 Ги вклучува и жителите на седумте селa од Општина Гази Баба: Инџиково, Маџари, Гоце Делчев, Синѓелиќ, Смиљковци, Стајковци и Трубарево; дванаесетте села од Општина Карпош: Бардовци, Влае, Волково, Глумово, Горно Нерези, Долно Нерези и Злокуќани, Матка, Ново Село, Оризари, Сарај, и Шишево; засебната населба Драчево и трите села во Општина Кисела Вода: Горно Лисиче, Долно Лисиче, и Драчево; четирите села од Општина Чаир: Бутел, Визбегово, Горно Оризари и Долно Оризари.[23]

5 Ги вклучува и жителите на седумте селa од Општина Гази Баба: Инџиково, Маџари, Гоце Делчев, Синѓелиќ, Смиљковци, Стајковци и Трубарево; дванаесетте села од Општина Карпош: Бардовци, Влае, Волково, Глумово, Горно Нерези, Долно Нерези и Злокуќани, Матка, Ново Село, Оризари, Сарај, и Шишево; засебната населба Драчево и трите села во Општина Кисела Вода: Горно Лисиче, Долно Лисиче, и Драчево; четирите села од Општина Чаир: Бутел, Визбегово, Горно Оризари и Долно Оризари. Бројката на жители е намалена поради бојкотот на албанското население.

6 Ги вклучува и жителите на седумте селa од Општина Гази Баба: Инџиково, Маџари, Гоце Делчев, Синѓелиќ, Смиљковци, Стајковци и Трубарево; дванаесетте села од Општина Карпош: Бардовци, Влае, Волково, Глумово, Горно Нерези, Долно Нерези и Злокуќани, Матка, Ново Село, Оризари, Сарај, и Шишево; засебната населба Драчево и трите села во Општина Кисела Вода: Горно Лисиче, Долно Лисиче, и Драчево; четирите села од Општина Чаир: Бутел, Визбегово, Горно Оризари и Долно Оризари.

7 Бројките се од пописот од 2002, но се прераспоредени според променетата територијална поделба и границите на населеното место Скопје во 2004 година. Со новите граници на Скопје, дошло до зголемување на населението. Тогаш во Скопје биле припоени (и преобразени во статус на населби во Скопје) селата: Горно Лисиче во Општина Аеродром; Бутел во Општина Бутел; Маџари во Општина Гази Баба; Оризари во Општина Ѓорче Петров; Влае, Долно Нерези, и Злоќуќани во Општина Карпош; населбата Драчево во Општина Кисела Вода; Сарај во Општина Сарај; и Долно Оризари во Општина Шуто Оризари.

Поделба на урбани и рурални населби во Град Скопје

Thumb
Карта на сите населби и села во Град Скопје

На територијата на десетте општини кои ја сочинуваат административната единиција Град Скопје, се наоѓаат околу четириесетина села чиј број на жители влегува во вкупното население на Скопје, така што реалниот број на жители е помал. Во составот на Град Скопје влегуваат селата: Брњарци (395 ж.), Булачани (1.104 ж.), Гоце Делчев (1.405 ж.), Идризово (1.589 ж.), Колонија Идризово (451 ж.) Инџиково (3.343 ж.), Јурумлери (2.983 ж.), Раштак (367 ж.), Смилковци (345 ж.), Стајковци (3.532 ж.), Страчинци (1.185 ж.), Трубарево (2.669 ж.) и Црешево (1.278 ж.) во Гази Баба, Кучково (138 ж.), Никиштане (1.114 ж.) и Орман (461 ж.) во Ѓорче Петров, Горно Нерези (314 ж.) во Карпош, Долно Лисиче (2.440 ж.) во Аеродром, Драчево (8.641 ж.) и Усје (845 ж.) во Кисела Вода, Љубанци (928 ж.) и Љуботен (2.343 ж.) во Бутел, Горно Оризари (454 ж.) во Шуто Оризари и сите 22 села во Општина Сарај. Во сите овие села кои се дел од Град Скопје во 2002 година живееле 68.500 жители, од кои само 30.176 во Општина Сарај. Според оваа урбана и рурална демографска класификација на Град Скопје, во урбаните населби биле запишани 428.933 жители (2002 г.).

Исто така поради брзата урбанизација и зголемување на своето население, Скопје постојано се проширува во својата територија, поради што десетина поранешни села веќе се споени со градот и претставуваат приградски населби на Скопје. Некои од нив се помалку, некои повеќе урбанизирани, а заедничкото за сите е што бележат брз развој и претставуваат привлечни имиграциски места, привлекувајќи население од цела Македонија. Такви поранешни села, а денес скопски населби претставуваат: Сингелич (23.915 ж.) во Гази Баба, Волково (6.750 ж.), Ново Село (8.349 ж.) и Оризари (15.637 ж.) во Ѓорче Петров, Бардовци (1.472 ж.) и Злокуќани (1.635 ж.) во Карпош, Долно Нерези (12.418 ж.) во Аеродром, Визбегово (2.817 ж.) и Радишани (9.123 ж.) во Бутел, Долно Оризари (1.550 ж.) во Шуто Оризари и Сарај (5.232 ж.) во Општина Сарај. Во овие приградски населби во 2002 година живееле 88.898 жители, што е 20,7 % од вкупното население во скопското урбано подрачје.

Remove ads

Сообраќај

Thumb
Автобус во Скопје

Јавниот превоз во Скопје се одвива со такси и автобуси. Постојат приватни и државни превозници, од кои неспоредливо најголем превозник е ЈСП-Скопје кој го покрива целиот град и неговата поширока околина. Имало планови да се направи лесна градска железница, ама се смениле плановите и не се изградила.

На 17 км југоисточно од Скопје се наоѓа аеродромот Скопје.

Во 2017 година, во Скопје се случиле 1.652 сообраќајни несреќи во кои настрадале 2.500 лица. Од нив, 37 загинале, 218 биле тешко повредени, а 2.245 биле полесно повредени.[29]

Remove ads

Култура

Во Скопје постојат шест театри кои функционираат како национални установи:

Цркви во Скопје

Thumb
Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Центар.
Thumb
Црквата „Св. Богородица“ во Пајко Маало, Центар.
Thumb
Црквата „Св. Илија“ во Аеродром.
Remove ads

Туристички места

Thumb
Камениот мост навечер
Thumb
Влезот во стариот дел на Скопје

Места од интерес за туристички разгледувања се:

  • Камениот мост, на реката Вардар е симбол на Скопје. Бил преработен во XV век и бидејќи е во централниот дел на градот, тој претставува врска помеѓу новиот и стариот дел.
  • Тврдината Кале. Првите ѕидини биле изградени на истото место, во почетокот на VI век. Калето доминира над левиот брег на реката Вардар со поглед на стариот дел на Скопје.
  • Православната црква „Св. Спас“, во стариот дел од градот е изградена во XIX век. Иконостасот содржи прекрасни дрвени резби, изрезбани од мијачките резбари Петре и Марко Филиповски и Макарие Фрчковски. Во дворот на црквата се наоѓа гробот на најголемиот македонски револуционер на XX век - Гоце Делчев.
  • Старата турска чаршија, каде има стари занаети, Безистенот, Чивте-амам и други објекти.
    Thumb
    Соборниот храм „Св. Климент Охридски“
  • Мустафа-пашината џамија, изградена во 1492 година е еден од најубавите градби од отоманскиот период на Скопје.
  • Јахја-пашина џамија во близината на центарот на Скопје.
  • Даут-пашината бања изградена во XV век како јавна бања. Се наоѓа на влезот на старата скопска чаршија и од 1948 година е адаптирана во уметничка галерија.
  • Феудалната кула крај Домот на АРМ.
  • Саат-кулата во непосредна близина на Султан-муратовата џамија.
  • Соборниот храм Св. Климент Охридски. Тој се наоѓа во центарот на градот на десната страна на реката Вардар. Соборниот храм беше осветен во 1990 година.
    Thumb
    Плоштадот фотографиран од зградата на ДАРМ
  • Старата железничка станица, завршена во 1940/41 година. Своевремено една од најубавите железнички станици на Балканот. Часовникот на предната страна е застанат на 5:17 минути изутрина, моментот кога Скопје го погоди катастрофален земјотрес. Сега во зградата се наоѓа Музејот на Град Скопје.
  • Музејот на современа уметност, се наоѓа на тврдината Кале.
  • Музеј на македонската борба, се наоѓа на левиот брег од реката Вардар, официјално отворен на 8 септември 2011 година, по повод 20 години од независноста на Македонија. Се состои од 13 хронолошки подредени одделенија и секое од нив ја претставува историјата на македонскиот народ од повеќе периоди. Музејската презентација е реализирана на интерактивен начин преку комбинирање на многу различни форми. Прегледот на историските настани, процеси, личности од XIX и XX век, се надополнува со автентичната колекција на 2.749 музејски предмети - оружје, документи, фотографии, мапи, медали, весници, документарен материјал, помошни материјали – 153 восочни фигури, 109 масовни сцени и портрети, како и амбиентални диорами збогатени со аудио-визуелни ефекти. Музејските фондови постојано се збогатуваат и преку донации или откуп.
  • Меморијален центар на холокаустот на Евреите од Македонија
  • Музеј на илегалните работилници за време на НОВ
  • Милениумскиот крст, се наоѓа на врвот на планината Водно непосредно над градот. Крстот е направен од челик со висина од 67 м и распон на краците од 46 m. Подигнат е по повод 2000-годишнината од раѓањето на христијанството.
  • Местото на родната куќа на познатиот светски хуманитарец, Мајка Тереза близу плоштадот „Македонија“.
Thumb
Поглед на Скопје од планината Водно
  • Во близина на градот Скопје, покрај патот Скопје-Качаник се наоѓа стар аквадукт изграден од камен и тули со 55 лакови што се потпираат на масивни столбови. Тој служел за снабдување со вода на античкиот град Скупи кој се наоѓа во непосредна близина до Скопје.
  • Улицата Македонија која е со прекрасна архитектура и каде што се наоѓа феудалната кула која што денес е музеј.
  • Градскиот ѕид кој се состои од верижно поврзани блокови со висина од 24 метри и кули високи 45 метри - еден вид на ѕид-тврдина во модерна интерпретација, тој е изграден по земјотресот во 1963 и кој е проектиран од познатиот јапонски архитект Кензо Танге. Тој го обиколува центарот на градот од десната страна на реката Вардар. Кензо Танге исто така проектирал уште многу други градби кои не се реализирале.
  • Куршумли ан датира од XVI и се наоѓа во старата чаршија. Тоа е еден од најубавите стари места во Скопје. Куршумли ан во минатото се користел како бања каде сто се бањале голем дел од населението.
Remove ads

Познати личности

Доселени во Скопје:

Remove ads

Флора и фауна

Според пописот на бели штркови, организиран на цела територија на Македонија во 2024 година,[30] во Скопје имало шест гнезда во кои биле забележани 3 возрасен штрк и 3 млади единки. Поточно, во Горно Лисиче имало четири гнезда во кои биле забележани 1 возрасен штрк и 2 млади единки, додека во населбата Драчево имало 2 гнезда со 2 возрасни штркови и 1 млада единка.[31]

Скопје како мотив во уметноста и во популарната култура

Скопје како мотив во книжевноста

  • „Ќе те питам, бабо“ — македонска народна песна.[32]
  • Стар сум во Скопје“ - книга на српскиот писател Давид Албахари.[33]
  • „Скопје сонува“ — песна на македонскиот поет Јозо Т. Бошковски од 1981 година.[34]
  • „Партизанската улица“ — песна на Јозо Т. Бошковски од 1981 година.[35]
  • „Водно“ — песна на македонскиот поет Блаже Конески.[36]
  • „Скопје“ — песна на македонскиот поет Блаже Конески од 1953 година.[37]
  • „Што е Скопје?“ — краток расказ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска од 2021 година.[38]
  • „Камениот мост-постела“ — краток расказ на Оливера Ќорвезироска од 2021 година.[39]
  • „Вечности долги по 45 минути“ — краток расказ на Оливера Ќорвезироска од 2021 година.[40]

Скопје како мотив во музиката

  • „Скопје“ — песна на македонската рок-група Леб и Сол од 1987 година.[41]
  • „Скопјанка“ — песна на македонската група ПМГ Колектив од 2007 година.[42]
  • „Ние сме од Скопје“ — песна на македонската група ПМГ Колектив од 2008 година.[43]
  • „Скопје“ - музички албум на македонската група ПМГ Колектив од 2017 година.[44]
  • „Песна за Скопје“ — македонска детска песна од 1974 година.[45]
  • „Зборувај за Скопје“ — песна на Нина Спирова.[46]
  • „Песна за Скопје“ — песна на Велко Трпчевски.[47]
  • „Архив на Град Скопје“ — песна на македонската рок-група Funk Shui.[48]
  • „Рапсодија за Скопје“ — композиција на македонскиот композитор Александар Џамбазов.[49]
Remove ads

Збратимени градови

Скопје е збратимено со следниве градови[50]:

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads