Џуд Ло
From Wikipedia, the free encyclopedia
Дејвид Џуд Хејворт Ло (роден на 29 декември 1972 г.) — англиски глумец.
Џуд Ло | |
---|---|
Ло во 2016 година | |
Роден(а) | Дејвид Џуд Хејворт Ло 29 декември 1972(1972-12-29) (51 г.) Лондон, Англија |
Занимање | Глумец |
Активен период | 1987–сè уште |
Сопружник | Сеjди Фрост (1997–2003) |
Деца | 5 |
Тој добил номинации за два Оскари, две награди на здружението на филмски глумци, три Златни глобуси и две БАФТА награди, од кои добил една. Во 2007 година, тој добил почесна награда Сезар за исклучителни филмски достигнувања и бил назначен за Витез од редот на уметноста и книжевноста од француската влада.[1]
Ло го привлекол вниманието на пошироката јавност со улогата во филмот Талентираниот господин Рипли (1999), за која добил БАФТА награда и номинации за Златен глобус и Оскар за најдобар глумец во споредна улога. Во 2004 година, тој добил номинации за наградите Оскар, Златен глобус и БАФТА за улогата во епскиот воен филм Студена планина (2003). Други забележителни улоги тој играл во филмовите Гатака (1997), Непријател пред портите (2001), Вештачка интелигенција (2001), Пат кон пропаста (2002), Алфи (2004), Блискост (2004), Одмор (2006), Зараза (2011), Хуго (2011), Ана Каренина (2012), Нуспојави (2013) и Гранд хотел Будимпешта (2014). Тој ја играл улогата на Д-р Вотсон во Шерлок Холмс (2009) и Шерлок Холмс: Игра на сенки (2011).
Ло исто така има исклучителна кариера како театарски глумец, добивјќи три номинации за наградата Лоренс Оливие и две за наградата Тони. Тој глумел во неколку претстави во Лондонскиот театар Вест Енд и на Бродвеј.[2]