Ана Каренина (филм од 2012)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ана Каренина (англиски: Anna Karenina) - британски филм од 2012 година, во режија на Џо Рајт според сценариото на Том Стопард. Главните улоги ги играат: Кира Најтли, Џад Ло, Арон Тејлор-Џонсон, Метју Мекфејден, Кели Мекдоналд итн. Филмот е адаптација на истоимениот роман на Толстој. Критичарите имале поделени оцени за филмот, но сепак, тој бил номиниран за наградата „Оскар“ во четири категории при што победил во категоријата за костимографија. Исто така, филмот имал и четири номинации за наградите БАФТА.[1]