Ала Пугачова
руска пејачка / From Wikipedia, the free encyclopedia
Ала Борисовна Пугачова (руски: Алла Борисовна Пугачёва; 15 април 1949 година) е советска и руска пејачка. Нејзината кариера започнала во 1965 година и трае до ден денес, иако повеќе не одржува настапи во живо. За нејзиниот „јасен мецосопран и целосен приказ на искрени емоции“,[1] таа ужива иконски статус низ поранешниот Советски Сојуз како најуспешен советски изведувач[2][3] во однос на рекордната продажба и популарноста.
Ала Пугачова | |
---|---|
Жанр(ови) | поп |
Занимање/ња | Пејачка, композиторка, глумица |
Години на активност | 1965–денес |
Нејзиниот репертоар вклучува над 500 песни на руски, англиски, германски, француски, казашки, хебрејски, фински и украински јазик, а во дискографијата има повеќе од 100 грамофонски плочи, ЦД-ња и ДВД-а. Покрај во Русија и поранешниот Советски Сојуз, албумите на Пугачова биле објавени во Јапонија, Кореја, Шведска, Финска, Германија, Полска, Чехословачка и Бугарија. Пугачова има продадено повеќе од 250 милиони плочи.[4]
Таа станала народен уметник на СССР во 1991 година. Ала ја добила Државната награда на Руската Федерација (1995). Добитник е и на Орденот „За заслуга на татковината“ II, III и IV степени. Пугачова ја претставувала Русија на Евровизија 1997 година.[5]