Бугарија
држава во Југоисточна Европа / From Wikipedia, the free encyclopedia
Бугарија (бугарски: България) или официјално Република Бугарија (Република България) — држава во Југоисточна Европа, која излегува на Црно Море на исток, на југ граничи со Грција и Турција, со Србија и Македонија на запад и со Романија на север. Северната граница, главно е по должината на реката Дунав, при што источниот дел од границата ја дели областа Добруџа. Бугарија има вкупна површина од 110.911,5 квадратни километри.
Република Бугарија Република България (бугарски)
|
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Гесло: Съединението прави силата "Единството ја прави силата" |
||||||
Химна: Мила Родино Мила татковино |
||||||
Местоположбата на Бугарија (зелено) – на Европскиот континент (светлозелено и сиво) |
||||||
Главен град (и најголем) | Софија 42°41′N 23°19′E | |||||
Службен јазик | бугарски | |||||
Службено писмо | кирилица | |||||
Народности (2011) | ||||||
Демоним | Бугарин | |||||
Уредување | Унитарна парламентарна република | |||||
• | Претседател | Румен Радев | ||||
• | Премиер | Николај Денков | ||||
Законодавство | Народно собрание | |||||
Формирање | ||||||
• | Прво Царство | 681-1018 | ||||
• | Второ Царство | 1185-1396 | ||||
• | Трета држава | од 13 јули 1878[б 1] | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 110,993,6 км2 (103.) | ||||
• | Вода (%) | 2,16 | ||||
Население | ||||||
• | проценка за 2021 г. | 6.520.314 (106.) | ||||
• | Попис 2011 | 7.364.570[2] | ||||
• | Густина | 63 жит/км2 (120.) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2022 г. | |||||
• | Вкупен | 203 милијарди долари[3] (73.) | ||||
• | По жител | 27.890 долари[3] (55.) | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2022 г. | |||||
• | Вкупно | 86 милијарди долари[3] (68.) | ||||
• | По жител | 12.340 долари[3] (61.) | ||||
Џиниев коеф. (2021) | 39.7[4] среден |
|||||
ИЧР (2021) | ▼ 0.796[5] висок · 68. |
|||||
Валута | Лев (BGN ) |
|||||
Часовен појас | EET (UTC+2) | |||||
• | (ЛСВ) | EEST (UTC+3) | ||||
Датумски формат | дд.мм.гггг | |||||
Се вози на | десно | |||||
НДД | .bg | |||||
Повик. бр. | +359 |
Бугарските земји биле населени уште од времето на палеолитот. Првата документирана цивилизација која живеела на територијата на Бугарија биле Тракијците. Тие биле асимилирани од Римјаните, а подоцна од страна на Словените во периодот 6-10 век. Околу 670, прабугарски орди пристигнале на Балканскиот Полуостров и го основале „Првото Бугарско Царство“, признато од Византија во 681 година. Бугарската држава станала културниот центар за сите Словени во текот на средниот век сè до падот на „Второто Бугарско Царство“ под отоманска власт во 1396.[6][7] Во 1878 година Руско-турската војна резултирала со основање на „Третата Бугарска Држава“. Таа станала комунистичка народна република и сојузник на Советскиот Сојуз во 1946 година. Колапсот на Источниот блок во 1989 година донел демократски промени во Бугарија и резултирал со нејзиното членство во Европската Унија во 2007 година.
Главен град на Бугарија е Софија, кој има околу 1.290.000 жители. Други поголеми градови се Пловдив (331.796), Варна (330.486) и Бургас (197.301).[8] Бугарија е членка на повеќе меѓународни организации, меѓу кои и во НАТО, Светската трговска организација, Европската Унија, како и трипати непостојана членка на Советот за безбедност на ОН и еден од основачите на ОБСЕ.