Алекс МекЛиш
From Wikipedia, the free encyclopedia
Александeр "Алекс" МекЛиш (роден на 21 јануари 1959), е шкотски поранешен професионален фудбалер и менаџер. Роден во Глазгов, МекЛиш играл како централен дефанзивец за Абердин во текот на 1980-тите кој беа славни години за клубот, за кој прави речиси 500 лигашки настапи, и направи 77 настапи во фудбалската репрезентација на Шкотска.
Алекс МекЛиш | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 21 јануари 1959(1959-01-21) (65 г.) | ||
Роден во | Глазгов, Шкотска | ||
Држава | Шкотска | ||
Висина | &100000000000001850000001,85 м | ||
Позиција | Централен дефанзивен | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | слободен | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
1978-1994 | Абердин | 493 | (25) |
1994–1995 | Мадервел | 3 | (0) |
Репрезентација ‡ | |||
1980-1993 | Шкотска | 77 | (0) |
Тренер на екипи | |||
1994–1998 | Мадервел | ||
1998–2001 | Хиберниан | ||
2001–2006 | Ренџерс | ||
2007 | Шкотска | ||
2007-2011 | Бирмингем Сити | ||
2011-2012 | Астон Вила | ||
2012-2013 | Нотингем Форест | ||
2014-2015 | Генк | ||
2016 | Замалек | ||
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 2 јануари 2012 ‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 2 јануари 2012 |
Тој ја започнал својата менаџерска кариера со престој во Мадервел и Хибернијан, пред да раководи со екипата на Глазгов Ренџерс кој го води до два првенствени наслови и пет куп победи во пет години. МекЛиш помина десет месеци како селектор на Шкотската репрезентација која за малку не успеа да ја квалификува на завршниот турнир на Европското првенство 2008. Тој потоа поднесе оставка на овој пост во ноември 2007 година за да стане менаџер на Бирмингем Сити, кои беа во Премиер лигата во тоа време. Иако Бирмингем испаднаа во Чемпионшип лигата на крајот на сезоната, МекЛиш ги води назад кон Премиер Лигата во 2009 година. Бирмингем подоцна го освојува Лига Купот во 2011, но испаѓа повторно од Премиер Лигата на крајот од сезоната 2010-11.
По ова испаѓање тој поднесе оставка од функцијата во Бирмингем за да стане менаџер на нивните градски соперници, Астон Вила. Ова го направи првиот менаџер кој преминал директно од Бирмингем Сити во Астон Вила, а само вториот менаџер по Рон Сандерс кој управувал со двата клуба. МекЛиш едвај успеа да избегне испаѓање со тимот во сезоната 2011-12 во Премиер Лигата, а неговиот договор беше раскинат од страна на Вила по крајот од својата прва сезона.
Како признание за неговите истакнати услуги во шкотскиот спорт, во 2008 година на МекЛиш му била доделена почесна докторска титула од страна на Универзитетот во Абердин.