Премиер лига на Англија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Премиер лига на Англија (англиски: Premier League) или само Премиер лига — највисоката фудбалска лига во Англискиот лигашки систем. Во лигата се натпреваруваат 20 клуба и истата се состои од промоција и испаѓање од и во Фудбалската лига. Премиер лигата е најгледаната спортска лига во светот,[1] како и најбогатото фудбалско првенство.[2] Исто така, таа е фудбалска лига со најголеми приходи во светот, со вкупни приходи на тимовите од околу 1,93 милијарди фунти во сезоната 2007-2008.[3]
Земја | Англија |
---|---|
Останати клуб(ови) од | Велс |
Конфедерација | УЕФА |
Основана | 20 февруари 1992 |
Број на клубови | 20 |
Нивоа на пирамида | 1 |
Испаѓање во | Чемпионшип лига (втора лига) |
Домашен куп | ФА Куп |
Тековен првак | Манчестер Сити (8. титула) (2020-2021) |
Најмногу титули | Манчестер Јунајтед (20 титули) |
ТВ партнери | Скај Спортс |
Мрежно место | Мрежно место |
Трофеј | |
Премиер лига на Англија 2021-2022 |
Премиер лигата е основана на 20 февруари 1992, кога клубовите во Првата дивизија на Фудбалската лига решиле да се одделат од Фудбалската лига која била основана уште во 1888 година, за да искористат профитабилен договор за продажба на своите телевизиски права. Досега во неа учествувале 43 различни клуба, а само 7 од нив успеале да станат шампиони: Манчестер Јунајтед (13 пати), Манчестер Сити (6), Челси (5), Арсенал (3), Блекбурн Роверс (1), Лестер Сити (1) и Ливерпул (1). Актуелен шампион е Манчестер Сити, победник во сезоната 2021-2022.
Според УЕФА — во пресрет на сезоната 2020-2021 — таа е рангирана на второто место меѓу националните фудбалски лиги во Европа, мерено според достигнувањата на клубовите во последните пет години, и се наоѓа единствено зад шпанската Ла Лига.