Амфиполски мост
антички мост во древниот град Амфипол во Серско, Егејска Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Амфиполски мост (грчки: Γέφυρα της Αμφίπολης) — камен мост на Долна Струма од античко и средновековно време во древномакедонскиот град Амфипол кај денешен Ениќој во Зихненско, Егејска Македонија.[1][2]
Амфиполски мост Γέφυρα της Αμφίπολης | |
---|---|
Поглед на остатоците од мостот и градското утврдување | |
Координати | 40°49′42″N 23°50′5″E |
Место | Амфипол, Ениќој, Зихненско, Егејска Македонија |
Особености | |
Вид | лачен |
Материјал | камен |
Вкуп. должина | 275 м |
Историја | |
Завршен | V век п.н.е. |
Местоположба | |
Го поврзувал Амфипол, а потоа малата византиска населба Мармари, со долината на Струма.[1]
Мостот бил клучна сообраќајница во стариот век и претставува значаен пример за достигнувањата на античкото инженерство. Изграде е во V век п.н.е. и имал должина од 275 м.[2] Првите податоци за него ги дознаваме од историчарот Тукидид, кој го опишува мостот раскажувајќи за важна улога која ја одиграл во опсадувањето и заземањето на Амфипол од страна на спартанскиот војсководец Бразид во текот на Амфиполската битка од 424 – 422 г. п.н.е..[3]
Откриен е случајно во септември 1977 г. Ископувањата се вршени под водство на археологот Димитрис Лазаридис. Неговата екипа открила околу 1.250 носачи и диреци кои му припаѓале на утврдувањето и инфраструктурата на мостот. На површината извадиле околу 220 колци.[3]
Остатоци од носачи со метални опкови од мостот се изложени во Ениќојскиот археолошки музеј.[1]