Апостол Тит
ранохристијански мисионер епископ / From Wikipedia, the free encyclopedia
Апостол Тит (грчки: Τίτος) — ранохристијански мисионер и црковен водач, еден од Седумдесетте апостоли. Бил сопатник и ученик на Апостол Павле, споменат е неколкупати во Павловите посланија, вклучувајќи го Посланието до Тит упатено нему. Се смета дека бил незнабожец преобратен во христијанството од Павле и, според преданието, бил ракоположен за епископ на Крит.[2]
Кратки факти Тит, епископ и сопатник на Павле ...
Тит | |
---|---|
епископ и сопатник на Павле | |
Роден(а) | I век, |
Починал(а) | 96 или 107, Гортина, Крит |
Почитуван(а) во | православие древноисточни цркви Римокатоличка црква лутеранство англиканство |
Главно светилиште | Ираклион, Крит |
Слава | 25 август/7 септември (православие) 26 јануари (католицизам) подвижно (Ерменска апостолска црква)[1] |
Заштитништво | Крит |
Затвори
Тит донел писмо од Павле во Коринт, каде Павле повикува на прибирање средства за сиромасите во Ерусалим. Според Јероним Стридонски, Тит бил писарот на (Второто послание до Коринтјаните).[3] Подоцна на Крит Тит назначил презвитери (старешини) во секој град и останал на островот сè до крајот на животот. Починал во Гортина кај градот Кандија (денешен Ираклион).[2]