Арас
општина во департманот Па де Кале, Франција / From Wikipedia, the free encyclopedia
Арас (франц. Arras, лат. Nemetacum Atrebatum; холандски: Atrecht) — главен град на францускиот департман Па де Кале, кој е дел од регионот Горна Франција.[2]
Arras Arras (француски) | ||
---|---|---|
Департман и општина | ||
Во насока на стрелките на часовникот од горе: Низа градски куќи во фламански барокен стил, Опатијата Сен-Васт, шарена куќа, Цитаделата Вобан и Градското собрание со камбанаријата | ||
Земја | Франција | |
Регион | Север-Па де Кале | |
Департман | Па де Кале | |
Округ | Арас | |
Управа | ||
• Градоначалник (2020–2026) | Frédéric Leturque[1] | |
Површина1 | 11,63 км2 (449 ми2) | |
Население (2019)2 | 41.694 | |
• Густина | 36/км2 (93/ми2) | |
INSEE/Пошт. бр. | 62041 / 62000 | |
Надм. висина | 52 м (прос. 72 м) | |
1 Катастарски податоци, каде не се вбројани езера, бари и ледници > 1 км2 и речни устија. 2 Единечно пребројување: жителите на повеќе општини (на пр. студенти и воени лица) се бројат само еднаш. |
Арас е трет по големина град во Па де Кале по Кале и Булоњ сур Мер. Во 2012 градот имал 43.693 жители, а градската област Арас имала население од 124.200.[3] Арас е историски центар на поранешната провинција Артоа. Од 1556 до 1714 година бил дел од Шпански Ниски Земји, дел од Ниските Земји под контрола од Шпанија. Во 1640 година Луј XIII го освоил; градот официјално станал дел од Франција во 1659 година.
Уште во 14 век Арас бил прочуен по своите ткаенини и трговијата со волна, а најпознат бил по производството на таписерии - до таа мера што на англиски и италијански зборот Arras (Arazzi на италијански) се употребувал како сининим за таписерија.[4]
Арас секоја година привлекува илјадници посетители, кои најчесто ја истражуваат архитектурата и историските градби на градот. Најголеми знаменитости се Градското собрание и неговата камбанарија (наведена како светско наследство на УНЕСКО од 15 јули 2005 година), „Бовес“ (лавиринт на 10 м под градот), плоштадите (La Place des Héros и La Grand'Place), Уметничката четврт (Театарот на Арас и хотелот de Guînes ), Областа на опатијата (Обатија Saint-Vaast и катедралата во Арас), цитаделата Вобан и локалитетот Неметакум (античкиот град основан од Римјаните пред 2000 години).[5] Канадскиот национален споменик на Вими е на излезот од градот.