Окрузи во Франција
административна единица во Франција / From Wikipedia, the free encyclopedia
Во целина, сите 101 департмани во Франција се поделени на вкупно 332 окрузи (француски: [arrondissements] Error: {{Lang}}: text has italic markup (help))[1].
Административниот центар (главниот град) на округот се нарекува потпрефектура. Ако округот содржи префектура (гл. град на департманот), тогаш тој град игра улога на префектура (на департманот) и потпрефектура (на округот).
Окрузите понатаму се делат на кантони и општини.
Градовите Париз, Лион и Марсеј се делат на „градски окрузи“, кои се разликуваат од окрузите кои се обработуваат во оваа статија.