Аржантеј
From Wikipedia, the free encyclopedia
Аржантеј (француски: Argenteuil) — општина во северозападното предградие на Париз, Франција. Се наоѓа 12,3 киломентри од центарот на Париз. Аржантеј е потпрефектура на департманот Долината на Оаза, седиште на арондисманот Аржантеј.
Кратки факти АржантејArgenteuil, Земја ...
Аржантеј Argenteuil | ||
---|---|---|
Суппрефектура и општина | ||
Базиликата во Аржантеј | ||
Местоположба на Аржантеј во предградието на Париз | ||
Земја | Франција | |
Регион | Ил де Франс | |
Департман | Долина на Оаза | |
Округ | Аржантеј | |
Кантон | Аржантеј -1 Аржантеј-2 Аржантеј-3 | |
Општ. заедница | Метропола Голем Париз ТЈУ Сенска Северна Јамка | |
Управа | ||
• Градоначалник (2020–2026) | Жорж Мотрон[1] | |
Површина1 | 17,22 км2 (6,65 ми2) | |
Население (2019)2 | 111.038 | |
• Густина | 6,400/км2 (17,000/ми2) | |
INSEE/Пошт. бр. | 95018 / 95100 | |
Надм. висина | 21 м ) | |
1 Катастарски податоци, каде не се вбројани езера, бари и ледници > 1 км2 и речни устија. 2 Единечно пребројување: жителите на повеќе општини (на пр. студенти и воени лица) се бројат само еднаш. |
Затвори
Аржантеј е втора најнаселена општина во предградијата на Париз (по Булоњ-Бијанкур) и најнаселена во департманот Долината на Оаза, иако не е нејзина префектура, туку таа функција ја делат општините Сержи и Понтоаз.
Аржантеј граничи со општини во 3 други департмани освен Долината на Оаза: департманите Ивелин, Сенски Висови и Сена-Сен Дени.