Бад Готлојба-Бергисхибел
From Wikipedia, the free encyclopedia
Бад Готлојба-Бергисхибел (германски: Bad Gottleuba-Berggießhübel) — бањски град во округот Саксонска Швајцарија-Источни Рудни Планини, во сојузната покраина Саксонија, Германија. Градот се граничи со Чешка на југ.
Бад Готлојба-Бергисхибел | |
Здравствена бања во Бад Готлојба | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Саксонија |
Округ | Саксонска Швајцарија-Источни Рудни Планини |
Општ. заед. | Бад Готлојба-Бергисхибел |
Градски единици | 12 |
Градоначалник | Томас Муце (независен) |
Основни податоци | |
Површина | 88,75 км2 |
Надм. височина | 211−644 м |
Население | 5.538 (31 декември 2020)[1] |
- Густина | 62 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | PIR |
Пошт. бр. | 01816, 01819, 01825 |
Повик. бр. | 035023, 035025, 035032, 035054 |
Портал | www.stadt-badgottleuba-berggiesshuebel.de |
Местоположба на градот Бад Готлојба-Бергисхибел во рамките на округот Саксонска Швајцарија-Источни Рудни Планини | |
Координати | 50°51′30″N 13°57′0″E |
Следниве села се дел од градот: Елзен, Маркерсбах и Хелендорф на југоисток, Хартмансбах, Брајтенау, Бернерсдорф и Хенерсбах на југозапад, Бад Готлојба и Бергисхибел во средишниот дел и Цвизел, Бара и Лангенхенерсдорф на север. Општината се протега низ падините на источните Рудни Планини и во Саксонска Швајцарија. Обединетиот бањски град се наоѓа помеѓу реките Готлојба и Дона.
Градот се наоѓа на 25-35 километри од Дрезден, 7-11 километри од Пирна, 200 километри од Берлин и 135 километри од Прага.
Од 2005, обединетиот бањски град на југоисток од Пирна е поврзан со автопатот А17, кој ги поврзува Дрезден и Прага.