Берлин
From Wikipedia, the free encyclopedia
Берлин (германски: Berlin) — главен град на Германија и една од нејзините шеснаесет покраини. Со население од 3,45 милиони жители[1], Берлин е најголемиот град во Германија. Тој е втор најнаселен град и осма најнаселена урбана област во Европската Унија[4]. Се наоѓа во североисточна Германија и е центар на метрополитенската област Берлин-Бранденбург. Во Берлин живеат 5 милиони луѓе од над 190 земји.[5]. Географски, градот се наоѓа во Европската рамница и затоа е под влијание на умерената сезонска клима. Околу една третина од територијата на градот ја сочинуваат шуми, паркови, градини, реки и езера.[6]
Берлин Berlin | |||
---|---|---|---|
Сојузна покраина | |||
Брандербуршката порта во Берлин | |||
Местоположба во ЕУ и Германија | |||
Координати: 52°30′2″N 13°23′56″E | |||
Држава | Германија | ||
Управа | |||
• Градоначалник | Клаус Воверајт (СДП) | ||
• Владејачки партии | СДП | ||
• Гласови во Бундесратот | 4 (од 69) | ||
Површина | |||
• Град | 891,85 км2 (34,435 ми2) | ||
Надм. вис. | {{Пб/Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „—“
|1=Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „—“}}34 — 115 м | ||
Население (31 март 2011)[1] | |||
• Град | 3.468.900 | ||
• Густина | 39/км2 (100/ми2) | ||
• Метро | 4,429,847 | ||
Часовен појас | CET (UTC+1) | ||
• Лете (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
Поштенски бр. | 10001–14199 | ||
Регион. код | 030 | ||
ISO 3166 | DE-BE | ||
Рег. таб. | B(за претходните ознаки видете ја забелешката)[2] | ||
БДП | € 94.7 млрд. (2010) [3] | ||
NUTS-регион | DE3 | ||
Мреж. место | berlin.de |
Првите податоци за градот потекнуваат од XIII век. Берлин бил едноподруго главен град на Кралството Прусија (1701 — 1918), на Германското Царство (1871 — 1918), на Вајмарската Република (1919 — 1933) и на Третиот Рајх (1933 — 1945)[7]. Во текот на 1920-тите години, Берлин бил трето градско подрачје по големина во светот[8]. По Втората светска војна градот бил поделен. Источен Берлин станал главен град на Источна Германија, додека Западен Берлин, со Берлинскиот ѕид (1961 — 1989)[9], всушност бил опкружен од странска земја т.е. од Источна Германија. По Германското обединување во 1990 година, градот си го вратил својот статус како главен град на Германија и домаќин на 147 странски амбасади[10][11].
Берлин е светски град на културата, политиката, медиумите и науката[12][13][14]. Неговата економија првенствено се заснова на услужниот сектор и опфаќа разновиден спектар на креативни индустрии, медиумски корпорации, конгресни и конвенциски центри. Берлин претставува континентален центар за воздушениот и железничкиот сообраќај,[15][16] и еден од најпосетените туристички центри во ЕУ[17]. Значајни индустриски гранки во градот се: информатичката технологија, фармацевтското производство, биомедицинското инженерство, биотехнологијата, оптоелектрониката, сообраќајното инженерство и обновливата енергија.
Метрополата е дом на светски реномирани универзитети, истражувачки институти, спортски настани, оркестри, музеи, а во неа живеат и многу познати личности[18]. Со своето урбаното и историско наследство, градот ги привлекува и меѓународните филмски продукции[19]. Берлин е познат по своите фестивали, разновидната архитектура, ноќниот живот, современата уметност, јавната сообраќајна мрежа како и по високиот квалитет на живеење. Либералниот начин на живеење и модерниот дух на времето ги привлекува младите луѓе и уметниците од целиот свет[20].