Базилика Канделарија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Базиликата Канделарија (шпански: Basílica de Nuestra Señora de la Candelaria) е базилика која се наоѓа во Канделарија, островот Тенерифе, Шпанија[1] . Храмот е посветен на Богородица Канделарија.[2]
Базилика Канделарија | |
---|---|
Основни податоци | |
Место | Канделарија, Шпанија. |
Припадност | Римокатоличка црква |
Епархија | Епархија на Сан Кристобал де ла Лагуна |
Митрополија | Архиепископија на Севиља |
Осветен | 1959 |
Духовно-организациски статус | базилика |
Мреж. место | basilicadecandelaria.wordpress.com |
Архитектонски опис | |
Архитект(и) | Хосе Енрике Мареро Регалдо |
Архитектонски стил | Неокласична архитектура |
Поставен темел | 1949 |
Завршен | 1959 |
Насоченост на фасадата | West |
Сместивост | 5000 |
Храмот се наоѓа на околу 20 милји од главниот град Санта Крус де Тенерифе. Секоја година, на 14 и 15 август во овој храм доаѓаат голем број на верници бидејќи датумот е поврзан со патронатот на градот, девица Канделарија која е светец-заштитник на Канарските Острови.[3], а како таква била прогласена во 1596 година од страна на кралот Филип III од Шпанија. Во исто време кралот христијанскиот храм го прогласил како Кралско светилиште на Канделарија.
Базиликата е дизајнирана од страна на архитектот Хосе Енрике Мареро Регаладо.[4] Базиликата има капацитет од 5,000 верници кое означува дека е една од поголемите во Шпанија. Изградбата на денешниот објект започнала во 1949 а завршшила во 1959 година.[5]
Храмот беше прогласен од Папа Бенедикт XVI, како Мала Базилика на 24 јануари 2011 година и официјално ги објави на 2 февруари истата година, се совпадна со празникот на Канделарија.[6]