From Wikipedia, the free encyclopedia
Бесиана Кадаре е албански дипломат. Таа служела како вонреден и ополномоштен постојан претставник на Албанија во Обединетите нации, потпретседател на Генералното собрание на Обединетите нации за нејзиното 75-то заседание и амбасадор на Албанија во Куба.[1] Албанија ќе заседава во Советот за безбедност на ОН со двегодишен мандат, во периодот 2022-2023 година. Таа во периодот од 2011 до 2016 година била вонреден и ополномоштен амбасадор и постојан делегат на Албанија во Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации (УНЕСКО) во Париз. Таа е ќерка на писателите Хелена Кадаре и Исмаил Кадаре.
Бесиана Кадаре | |
---|---|
Бесиана Кадаре во салата на Генералното собрание на ОН | |
13-ти Постојан претставник на Албанија во Обединетите нации | |
На должноста | |
Стапил 30 јуни 2016 | |
Претседател | Бујар Нишани Илир Мета |
Secretary-General | Бан Ки Мун Антонио Гутерес |
Претходник | Ферит Хоџа |
Потпретседател на Генералното собрание на Обединетите нации за нејзината 75-та сесија | |
На должноста | |
Стапил 2020 | |
Претседател | Волкан Бозкир; претседател на Генералното собрание |
Албански амбасадор во Куба | |
На должноста | |
Стапил 30 јуни 2016 | |
Лични податоци | |
Роден(а) | Тирана, Албанија |
Установа | Универзитет Париз IV-Сорбона |
Кадаре е ќерка на писателите Хелена Кадаре и Исмаил Кадаре.[2][3][4]
Кадаре магистрирала по модерна и компаративна книжевност и има диплома за специјализирани високи студии по модерна специјализирана литература од Универзитетот Париз IV-Сорбона во Париз, Франција.[1]
Кадаре била прв секретар во Постојаната мисија на Албанија во Обединетите нации во Њујорк од 2002 до 2005 година.[1][5] Таа се вратила во Албанија во 2005 година за да работи со Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).[1]
Во 2008 година, Кадаре служела во амбасадата на Албанија во Франција.[1]
Помеѓу 2011 и 2016 година, таа била вонреден и ополномоштен амбасадор и постојан делегат на Албанија во Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации (УНЕСКО) во Париз.[1][2][6]
Кадаре ги предала акредитивните писма на генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун на 30 јуни 2016 година и оттогаш е вонреден и ополномоштен постојан претставник на Албанија во Обединетите нации во Њујорк.[1][7] Таа е првата жена амбасадор на Албанија во ОН, во 65-годишното членство на земјата во ОН.[8] Таа била назначена истовремено да ја извршува функцијата амбасадор на Албанија во Куба.[1]
Во октомври 2017 година, на состанокот на Советот за безбедност на ОН, Кадаре изјавила дека значајното вклучување на жените во спречувањето конфликти и во мировните процеси останува занемарливо, при што жените биле настрана за време на мировните преговори дури и кога биле присутни, бидејќи секогаш мажите биле тие кои воделе и одлучувале кога и како да се постигне мир. Таа ги повикала земјите-членки да ја зголемат својата посветеност кон целосно интегрирање на жените во нивната агенда за мир и безбедност.[9]
Во 2018 година, Албанија како земја со мнозинско муслиманско население била водител на настан на Обединетите нации со Италија која има мнозинско католичко население и со Израел, прославувавјќи го првиот превод на Талмудот на италијански.[10] Амбасадорката Кадаре изјавила: „Проектите како Вавилонскиот Талмудски Превод отвораат нова патека во меѓукултурниот и меѓуверскиот дијалог, внесувајќи надеж и разбирање меѓу луѓето - вистинските алатки за борба против предрасудите, стереотипното размислување и дискриминацијата. Со тоа, ние сметаме дека ги зајакнуваме нашите социјални традиции, мирот, стабилноста - и исто така, се спротивставуваме на насилните екстремистички тенденции.“[11]
Во јануари 2019 година Кадаре во име на Албанија била водител заедно со Светскиот еврејски конгрес и Одделот за глобални комуникации на Обединетите нации на настан на тема „Приказна за човештвото: спасување на Евреите во Албанија“.[12] Таа дала забелешки во Обединетите нации на брифингот насловен „Сеќавање на холокаустот: барајте и бранете ги вашите човекови права“, по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот и размислување за геноцидот на шест милиони европски Евреи за време на Втората светска војна, и малку познатите записи за Албанците за време на холокаустот во Албанија, кои примиле илјадници Евреи кои инаку би завршиле во нацистичките логори на смртта.[13][14]
Кадаре во декември 2019 година ја нарекла „срамна“ одлуката да му се додели на австрискиот писател Петер Хандке, кој нашироко се смета за негирач на геноцидот, Нобеловата награда за литература за 2019 година, изјавувајќи дека оваа одлука засекогаш треба да ја прогонува Нобеловата фондација.[15]
Говорејќи во мај 2021 година на Генералното собрание на ОН и повикувајќи на прекин на огнот при избувнувањето на борбите меѓу Газа и Израел, Кадаре изјавила: „Недискриминираното истрелување ракети врз цивилни области од Хамас и други терористички групи е апсолутно неприфатливо. Ова мора веднаш да престане. Никогаш нема оправдување за неселективно таргетирање на цивили. Како и сите земји во светот, Израел има право да живее во мир и да ја гарантира безбедноста на своето цивилно население, кога е загрозен од насилни акции или напади. Како и сите земји во светот, императив е ова право на самоодбрана да се остварува пропорционално и во целосна согласност со меѓународното право.“[16]
На 11 јуни 2021 година Албанија била изгласана да стане членка на 15-члениот Совет за безбедност на ОН со двегодишен мандат траејќи од 2022 до 2023 година.[8][17] Кадаре изјавила дека приоритетите на Албанија во Советот за безбедност ќе вклучуваат фокус на жените, мирот и безбедноста, промовирање на човековите права и меѓународното право, спречување конфликти, заштита на цивилите, спротивставување на насилниот екстремизам, справување со климатските промени и нивните врски со безбедноста и зајакнување на мултилатерализмот и меѓународниот поредок заснован на правила.[8] Таа на Твитер им се заблагодарила на сите земји кои: „ни ја довериле оваа огромна одговорност“.[17]
Во јуни 2020 година, Кадаре била избрана за потпретседател на Генералното собрание на Обединетите нации на 75-тата сесија.[18][19][20]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.