Појас Газа
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Појасот Газа е крајбрежен појас на источниот брег на Средоземното Море. На југозапад се граничи со Египет, а на север и исток со Израел. Долг е 41 километар, а широк од 6 до 12 километри. Вкупната површина на појасот изнесува 360 квадратни километри. Називот на појасот доаѓа од најголемиот град, Газа. Има околу 2 милиони палестински жители.
По создавањето на Израел во 1948 година, Египет ја контролирал Газа речиси две децении. По победата на Израел во Шестдневната војна во 1967 година против неговите арапски соседи, тој ја презел контролата и врз Појасот Газа. Во следните 38 години тој го контролирал Појасот и овозможил изградба на 21 еврејска населба.[1]
Палестинската самоуправа ја презеде контролата во мај 1994, а целосна контрола е добиена во септември 2005, кога Израел го завршил повлекувањето на 9 илјади израелски доселеници во Појасот и го завршил своето воено владеење со Појасот. Од 2007 година Хамас го контролира Појасот, но Израел го контролира воздушниот простор на појасот и пристапот од море до него.
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads