From Wikipedia, the free encyclopedia
Божидар Димитров Стојанов (бугарски: Божидар Димитров Стоянов[1]; Созопол, Бугарија, 3 декември 1945 - Софија, 1 јули 2018 ) — историчар и политичар од Бугарија, директор на бугарскиот Национален историски музеј, доктор на историски науки, автор на бројни монографии и статии од областа на бугарската историја. Води емисија за историја, "Памет бугарска", која се емитува на бугарската национална телевизија БНТ1. Познат е и по своите изјави за негација на етничкиот македонски идентитет.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Божидар Димитров е роден на 3 декември 1945 година во Созопол, во семејство на бегалци од Источна Тракија. Околу неговотото етничко потекло постојат разни шпекулации: самиот тој се декларира за „потомок на Прабугарите“.
Својата кариера на научен и општествен работник ја има градено како член на Бугарската комунистичка партија, а потоа и во нејзиниот наследник, Бугарската социјалистичка партија. Бил член на Централниот комитет на БСП. Денес е член на општинскиот совет на Софија. Член е на Советот за духовен развој, под раководство на претседателот на Бугарија Георги Прванов.
Се тврди дека со години бил вработен во бугарската служба за државна безбедност како анализатор на балканската историја, иако нема официјални податоци од "Комисијата" (бугарски: Комисия за разкриване на документите и за обявяване на принадлежност на български граждани към Държавна сигурност и разузнавателните служби на Българската народна армия).
Специјализирал палеографија во Париз и Ватикан.
Во 2009 година Божидар Димитров станува народен пратеник од партијата ГЕРБ како мнозински кандидат од Бургаска област.[2] На 23 јули е номиниран од ГЕРБ за министер без портфељ, кој ќе се грижи за Бугарите во странство.[3] Останува министар до февруари 2011 година.
Неговата сопруга е глумицата Марта К’нчева, а ќерката - Марија. Починал на 1 јули 2018 година.[4]
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Додека кај еден дел од широката јавност ужива големи симпатии, како „најдобар познавач на бугарската историја“, па дури и голем патриот, голем е бројот на оние кои го критикуваат за неговите настапи. Неговите изјави во однос на бугарската историја се преполни со емоционален набој, и според него, Бугарите и Бугарија се „најстарите во Европа и со најголеми заслуги за опстанокот и развојот на европската цивилизација“.
Последните години својата потпора ја наоѓа главно во помалите националистички партии (ВМРО-БНД), националната телевизија и приватните медиуми каде настапува како забавувач водејќи програми на историска тема.
Во неговите настапи се раководи од дневно-политички потреби и личен материјален интерес, поради што наместо научниот го применува популистичкиот пристап. Најдобар пример за неговата научна недоследност е фактот што самиот тој често себеси се побива. Така во својата книга „Десетте лаги на македонизмот“, покрај сите други неточности со кои изобилува изданието, тој тврди:
„Историската наука одамна утврдила дека античките Македонци се племе, кое било дел од грчката етничка заедница и чија територија до 4 век пр. Хр. се наоѓала во денешна Северна Грција. На територијата на Вардарска Македонија имало мала држава со монархиска форма на управување, населена главно со траки и илири, а управувана од владетели и аристократија со грчки имиња. Уште во антички времиња имало спор создаден по политичка причина, околу тоа дали Македонците се Грци или не.
Едно е јасно, дека тие не се славјани“[5]
Во весникот „Стандарт“ од 13 август 2006 година, Божидар Димитров го менува потеклото на Македонците во посебен народ, сроден со Траките и Илирите, чија македонска држава била сосед на Грција:
„Историската наука одамна утврдила дека античките Македонци се племе, сродно на Траките и Илирите. Нивното царство се наоѓа во непосредно соседство со древна Елада.“ [6]
Други примери за манипулација со историските факти:
„Десетте лаги на македонизмот“, како книга на Божидар Димитров, нуди куп примери во кои се огледува популистичкиот и ненаучен пристап на овој автор.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.