Северјани

село во Мегленско, Егејска Македонија, Грција From Wikipedia, the free encyclopedia

Северјаниmap
Remove ads

Северјани, Северни или Севрели (грчки: Βορεινό, Ворино; до 1926 г. Σέβρενη, Севрени[2]) — село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Меглен на Постолскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Сè до 1920-тите било населено со исклучиво со Македонци.[3]

Кратки факти Северјани Βορεινό, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото се наоѓа во северниот дел на котлината Меглен, под јужните падини на плаинната Кожуф. Лежи на 8 км северно од С’ботско.[3]

Историја

Во Отоманското Царство

Ова македонско село некогаш било христијанско, но во немирните години поголем дел од населението под принуда го прифатило исламот.[3]

Во XIX век Северјани било село во Ениџевардарската каза. Според Стефан Верковиќ, кон крајот на XIX век Северјани (Севрени) било македонско муслиманско село со 586 машки жители и 150 домаќинства.[4][5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Севрели живееле 130 Македонци-христијани и 1200 Македонци-муслимани.[6]

Целото христијанско население на селото било под врховенството на Цариградската патријаршија. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Севрени (Sevreni) имало 160 Македонци под патријаршијата и во него работело грчко училиште.[4][7]

Егзархиската статистика за Воденската каза од 1912 г. го води Северјани со 1.330 македонски жители, од кои 130 христијани и 1.200 муслимани.[3] Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека пред Балканските војни Северени имало 218 куќи на Македонци-муслимани.[8]

Во Грција

За време на Балканските војни селото е окупирано од грчка војска и во 1913 г. согласно Букурешкиот договор влегло во состав на Грција. Таа година населението броело 1.466 жители, а во 1920 г. во Северјани се попишани 1.143 лица.[3]

Во 1924 г. по сила на Лозанскиот договор муслиманското население на Северјани е иселено во Турција, а на негово место се доведени 682 Грци, претежно од Понт.[3] Во 1926 г. е преименувано во Ворино (со значење Северно, буквален превод на македонското име).[3] На пописот од 1928 г. селото се води како чисто дојденско со 177 семејства сочинетии од 659 лица.[9] Според други податоци, во 1928 г. селото имало 693 жители, од кои 11 биле домородни, а останатите дојденци.[3]

Селото произведува жито, тутун, пиперки, десертно грозје, а развиено е и сточарството.[3]

Повеќе информации Име, Грчки ...
Remove ads

Население

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads