Британија во бронзеното време
From Wikipedia, the free encyclopedia
Бронзеното време во Британија претставува период на британската историја кој се протега од 2500 до 800 п.н.е.[1] Со времетраење од околу 1700 години, настапува по ерата на неолитот, а претходи на железното време . Категоризирано како бронзено доба, било обележано со употреба на бакар, а потоа и бронза од страна на праисториските Британци, кои ги користеле овие метали за изработка на алатки. Во бронзеното време на тлото на Британија се забележа и широко усвојување на земјоделството .
За време на британското бронзено доба, големите мегалитски споменици слични на оние од доцниот неолит продолжиле да се градат или модифицираат.