Меч
From Wikipedia, the free encyclopedia
Меч — остро ладно оружје наменето за сечење и бодење кое е подолго од нож.[1] Мечот е изграден од долго сечиво и дршка. Сечивото може да е право или закривено. Мечевите за бодење често имаат остар крај на сечивото, и често се прави, додека пак мечевите за сечење имаат остро сечиво на една или од двете страни, и почесто се закривени. Но сепак голем дел од мечевите се наменети и за сечење и за бодење.
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/0/08/Espadon-Morges.jpg/320px-Espadon-Morges.jpg)
Мечот бил направен во бронзениот век, и претходник му бил ножот. Најраните видови мечеви се појавиле во околу 1600 година пред наша ера. Подоцнешните мечеви во железниот век биле пократки и без штитник. Дури во развиениот среден век се појавува најпознатиот вид на меч со штитник. Употребувањето на меч е познато како мечување. Во раниот модерен период, западните мечеви се дизајнирани во две форми: за бодење и за сечење. Подоцните бодежи биле направени за брзо елиминирање на метата со тешки повреди и посакотини.
Мечевите за сечење често биле потешки и биле почесто употребени во војна и биле направени за сечење на повење противници, најчесто од коњ. Поголем дел од овие мечеви исто така имале остри краеви и биле остри на двете страни, со што имале повеќе функционалност. Овие мечеви биле употребувани дури до Втората светска војна.
Некои од не-европските оружја познати како мечеви се кинескиот дао, јапонската катана и кинескиот џиан се примери на не-европски дво страни мечеви, слични на европскиот модел од железниот век.