Вакуум
From Wikipedia, the free encyclopedia
Вакуум — простор без супстанца. Самиот збор „вакуум“ е од латинско потекло (лат. vacuus - празен).
Притисокот во вакуумот е многу понизок од атмосферскиот притисок[1], и во идеален случај тој тежнее кон притисок од нула паскали. Најголемиот (најдлабокиот) вакуум се наоѓа во вселената ( Pa).
Вакуумот бил честа тема на филозофски дебати на грчките филозофи, но емпириски не бил истражуван сè до XVII век. Еванџелиста Торичели ја конструирал првата вакуумска лабораторија во 1643 година, а извел и други експерименти како резултат на неговите теории за атмосферскиот притисок.[2]
Индустриската примена на вакуумот започнува во XX век, со воведувањето електричната светилка и вакуумската цевка.
Вакуумот може да се произведе така што од некој затворен простор со помош на т.н. вакуум-пумпа ќе се извлече целиот гас.