Простор
From Wikipedia, the free encyclopedia
Просторот е неограничена тридимензионален опсег во кој објектите и појавите имаат релативна позиција и насока. Физичкиот простор често е дефиниран во три линеарни димензии иако модерните физичари честопати сметаат дека времето е четврта димензија, која заедно со трите димензии во просторот го сочинуваат простор-времето. Концептот на просторот се смета дека е од фундаментална важност за да се разбере физичкиот универзум. Сепак несогласувањата продолжуваат помеѓу филозофите окулу суштината, врската и деловите од концепцијата. Дебати во врска со природата, суштината и начинот на постоење на просторот датира уште од антиката. Имено, да се расправа како Тимеј на Платон, или Сократ во неговите рефлексии на она што Грците го нарекуваат khôra (“простор”) или во Физиката на Аристотел (книга IV, Делта) во дефиницијата за topos (“место”), или во подоцнежните “геометриски концепт на место” како “простор како наставка” во Говорот на место (Qawl fi al-Makan) на XI век Arab polymath Alhazen. Многу од овие класични филозофски прашања биле дискутирани во ренесансата и потоа преформулирани во XVII век, особено за време на првите почетоци од класичната механика. Според Исак Њутн просторот бил апсолутен – во смисла дека постоел привремено и независно од било што во него. Други филозофи кои се занимавале со природата, особено Готфрид Вилхелм Лајбниц сметал дека просторот всушност е колекција од меѓусебно поврзани објекти дадени од нивната оддалеченост и насока од едни кон други. Во XVIII век, филозофот и теолог Џорџ Беркли се обидел да ги демантира “видливоста на просторна длабочина” во неговиот Есеј кон нова теорија на визија. Подоцна, метафизичарот Имануел Кант рекол ниту просторот ниту времето може емпириски да се перципира – тие се елементи на систематска рамка која луѓето ја користат за структура на сите искуства. Кант укажал на “простор” во неговото дело Критика на чиста причина каде што е субјективен "pure a priori form of intuition", па е неизбежен придонесот на нашите човечки способности. Во XIX и XX век математичарите почнале да ги испитуваат геометриите кои не се Евклидовата, во просторот може да биде попрво заоблен отколку рамен. Според Ајнштајновата терија на релативноста просторот окулу гравитациски полиња отстапува од Евклидов простор. Експерименталните тестови од општата релативност потврдиле дека неевклидовата геометрија обезбедува подобар модел на просторот.