Вивиен Вествуд
From Wikipedia, the free encyclopedia
Дама Вивиен Изабел Вествуд (мом. Swire; 8 април 1941 година - 29 декември 2022 година) била англиска модна дизајнерка и деловна жена, во голема мера одговорна за носење на модерната панк и њу вејв мода во мејнстримот.[6] Во 2022 година, Скај Артс ја оценил како 4-ти највлијателен уметник во Британија во последните 50 години.[7]
Вествуд се појавила во јавноста кога креирала облека за бутикот што таа и Малколм Мекларен го воделе на Кингс Роуд, кој станал познат како SEX. Нивната способност да синтетизираат облека и музика ја обликувала панк-сцената во 1970-тите во Велика Британија, во која доминирал бендот на Мекларен, Секс Пистолс. Таа го гледала панкот како начин „as a way of seeing if one could put a spoke (да му отежни на некој да постигне нешто што планирал да го направи) in the system".[8]
Вествуд отворила четири продавници во Лондон и на крајот ги проширила продавниците насекаде низ Британија и светот, продавајќи разновидна палета на производи, а некои од нив ги промовирале нејзините политички каузи како што се Кампањата за јадрено разоружување, климатските промени и групите за граѓански права.[9][10]