Волфсбург
From Wikipedia, the free encyclopedia
Волфсбург (германски: Wolfsburg) — петти најголем град во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Градот е сместен на реката Алер, оддалечен 75 километри источно од Хановер и 230 километри западно од Берлин.
Волфсбург
Wolfsburg | ||
Поглед на „Автоград Волфсбург“ од Средногерманскиот Канал | ||
Управа | ||
Земја | Германија | |
---|---|---|
Покраина | Долна Саксонија | |
Округ | Урбан округ | |
Градски единици | 16 окрузи, 40 единици | |
Градоначалник | Клаус Морс (СДП) | |
Основни податоци | ||
Површина | 204,02 км2 | |
Надм. височина | 63 м | |
Население | 123.840 (31 декември 2020)[1] | |
- Густина | 607 жит/км2 | |
Други информации | ||
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) | |
Рег. табл. | WOB | |
Пошт. бр. | 38400–38448 | |
Повик. бр. | 05361, 05362, 05363, 05365, 05366, 05367, 05308 | |
Портал | www.Wolfsburg.de | |
Местоположба на градот Волфсбург во рамките на Долна Саксонија | ||
Координати | 52°25′23″N 10°47′14″E |
Во 2013 година, Волфсбург бил најбогат град во Германија со БДП по глава на жител од 128.000 долари, пред сѐ поради неговата автомобилска индустрија.[2]
Во Волфсбург се наоѓа седиштето на Фолксваген и најголемата фабрика за автомобили во светот. Автоград е атракција за посетителите веднаш до фабриката на Фолксваген. Волфсбург е еден од малкуте германски градови кои биле изградени во текот на првата половина на XX век. Од основањето на 1 јули 1938 како дом на работници, кои ги произведувале автомобилите „фолксваген буба“, до 25 мај 1945 година, градот бил наречен „Градот на Фолксваген буба кај Фалерслебен“ (Stadt des KdF-Wagens bei Fallersleben). Во 1972 година, градот надминал бројка од 100.000 жители.