![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/9/91/NGC_4452.jpg/640px-NGC_4452.jpg&w=640&q=50)
Галактичка рамнина
From Wikipedia, the free encyclopedia
Галактичка рамнина — рамнина на која лежи највеќето маса на една галаксија. Нормалата низ нејзиното средиште ги опишува двата галактички пола. Поимите „рамнина“ и „пол“ почесто се користат за нашата галаксија, Млечниот Пат.
Некои галаксии се неправилни и немаат јасно изразен диск. Дури и во случаи на пречкеста спирална галаксија како Млчениот Пат, галактичката рамнина се определува со мала произволност и неуточнетост бидејќи ѕвездите не се совршено копланарни. Во 1959 г. Меѓународниот астрономски сојуз одредил дека Северниот Пол на Млечниот Пат лежи точно во рек. = 12ч 49м, дек. = 27° 24′ во тогашната епоха B1950; во денешната епоха J2000 за Северен Пол се смета рек. 12ч 51м &1000000000002628200000026,282с, дек. 27° 07′ &1000000000000420100000042,01″. Местото се наоѓа во соѕвездието Береникина Коса, близу сјајната ѕвезда Арктур; Јужниот Пол пак, е во соѕвездието Вајар.
Во 1959 г. е определена и нултата должина (меридијан) на галактичките координати како положбениот агол 123° од северниот небесен пол. Тогаш тој бил во 17ч 42м &1000000000002660300000026,603с, −28° 55′ &1000000000000044500000000,445″ (B1950) или 17ч 45м &1000000000003722400000037,224с, −28° 56′ &1000000000000102300000010,23″ (J2000), а денес по J2000 е положбениот агол 122,932°. Галактичкото средиште е сместен во положбениот агол 31,72° (B1950) или 31,40° (J2000) источно од северниот.