Пречкеста спирална галаксија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Пречкеста спирална галаксија — спирална галаксија со средишна структура во облик на пречка составена од ѕвезди. Пречките се среќаваат кај околу две третини од спиралните галаксии[1] и влијаат на движењето на ѕвездите и меѓуѕвездениот гас во галаксијата, а може да ги засегаат и спиралните краци.[1]
Истакнатиот американски астроном Едвин Хабл ги класификувал спиралните галаксии од овој вид како SB (spiral, barred = спирални, пречести) во неговата Хаблова низа и ги сместил во три поткатегории зависно од отвореноста на спиралните краци. Оние означени со SBa имаат густо врзани краци, SBb се средни, а SBc имаат најлабави краци. Подоцна е воведена четвртата поткатегорија SBm за означување на пречкестите спирални галаксии со извесен степен на неправилност, како што се оние во Магелановите Облаци. Некои други видови галаксии според Хабловата класификација се: спиралната, елиптичната и неправилната галаксија.
Набљудувањата со радиотелескопи веќе подолг период укажуваат на тоа дека Млечниот Пат е пречкеста галаксија, а инфрацрвените набљудувања со вселенскиот телескоп „Спицер“ во 2005 г. ги поддржале овие претходно насодбрани доказни податоци.