![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/7/73/Dimos_Prespon_-_West_Macedonia.svg/langmk-640px-Dimos_Prespon_-_West_Macedonia.svg.png&w=640&q=50)
Граждано
село во Преспанско, Егејска Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Граждано или Граждено (се среќаваат и Граждани и Граждени; грчки: Βροντερό, Врондеро; до 1926 г. Γκράσδενι, Граздени[2]) — село во Егејска Македонија, Грција, во општината Преспа, област Западна Македонија. Населението брои 46 жители (2021). До 1949 г. ова село имало 120 куќи со 507 жители.
Граждано Βροντερό | |
---|---|
Местоположба во областа | |
Координати: 40°44.30′N 21°1.3′E | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Лерински |
Општина | Преспа |
Општ. единица | Преспа |
Надм. вис. | &100000000000010900000001.090 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 46 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Во ова село, како и во цела Егејска Македонија, поголеми етнографски промени настануваат по Граѓанската војна во Грција 1949 г. По пат на сила жителите на с. Граждано биле принудени да ги напуштат своите огништа. Имено, на 15 август 1949 г. со повлекувањето на партизанските единици на ДАГ, со нив се повлекло и цивилното население од Долна и Мала Преспа. Зад нив останале нивните имоти и куќи. Новонастанатата положба ја искористиле грчките власти, кои во 1953 г. ја колонизирале Долна и Мала Преспа со погрчено влашко население од Епир[3] кое се вселило во напуштените куќи и го приграбило целокупниот имот на прогонетите жители. Тие ги погрчиле и македонските топоними. Новодојдените селото го нарекуваат Врондеро.
За да не останат историски траги од минатото, тие го урнале старото училиште, ги исушиле селските бари, ги покриле селските бунари, го асфалтирале патот, а селските гробишта повеќе не постојат, срамнети сè до земја. На истото место грчките власти подигнаа еден мермерен споменик во чест на паднатите кралски војници. Како потсетник на минатото и понатаму се издига селската црква „Св. Никола“, изградена 1888 г. од Васил Чклаов.