Власи
From Wikipedia, the free encyclopedia
Власи (Ароманци, Цинцари и Куцовласи) — народ од романската група, населен ширум Балканскиот Полуостров. За нивното потекло има повеќе тези. Некои проучувачи тврдат дека Власите се остатоци од Ромеите, односно потомци на Римјаните, а други пак сметаат дека Власите се потомци на Трако-Илирите, Епирците или Тесалијците, но сепак без сомнение е тезата дека тие се староседелско население на Балканскиот Полуостров. Според најновите проучувања за Власите со сигурност се смета дека се потомци на Ромеите, односно остаток од некогашните Византијци[се бара извор], а се смета дека се населени во времето на доаѓањето на Римјаните на Балканскиот Полуостров во I век п.н.е.
Вкупен број | |
---|---|
100.000[1] - 510.000 | |
Подрачја со значајно население | |
Грција | 39.855 (1951 попис) [2] |
Албанија | 8.266 (2011 попис) [3][4] |
Романија | 26.500 (2006 про.) [5] |
Србија | 15.000 (про.)[6] |
Бугарија | 1.000 (2001)[7] |
Македонија | 9.695 (2001) |
Јазици | |
влашки и останати јазици | |
Вероисповед | |
† православие |
Власите зборуваат на влашки јазик кој е доста близок со италијанскиот јазик и романскиот јазик, а и со албанскиот, а има и поголемо влијание од грчкиот јазик.
Во почетокот на XIV век Власите како еден од најбогатите балкански народи го формирале градот Москополе во кој постоела „Нова Академија“, првата академија на Балканот, повеќе од 70 цркви и училишта како и печатница. Подоцна Москополе било разурнато од албанските банди, по што голем бран на Власи здружени со Власите од околината на планината Грамошта се населил во Македонија (Крушево, Осоговски Планини, Овче Поле, Штипско итн).
Познати влашки племиња се: Власи Каракачани (во Македонија, Грција и Бугарија), Краински Власи (во Србија), Истарски Власи (во Хрватска), Мегленски Власи (во Мегленска Котлина во Егејска Македонија - Грција) итн.