From Wikipedia, the free encyclopedia
Графика (γραφω; пишувам, гребам) е една од ликовните дисциплини. Нејзините основни изразни средства се: линијата, површина, густината на бојата. Главниот и основен принцип во графиката е балансот помеѓу црното и белото. Графиката може да биде и во боја, но сепак, акцентот не е во колоритот како во сликарството. Изразните мотиви и претстави во графиката се со истиот опсег и содржина како и во останатите ликовни техники.
Почетоците на графиката датираат уште од палеолитот забележани во првобитните живеалишта - пештерите.
Вистински процут на графиката во Европа доживува во средниот век. Најзначајните графички уметнички дела се откриваат во творештвото на: Албрехт Дирер, Петер Паул Рубенс, Рембрант Херменсон ван Рајн, а подоцна кај Франциско Хосе де Гоја, Оноре Домје, Анри де Тулуз-Лотрек, Винсент ван Гог, Пабло Пикасо. Денес, графиката е меѓу позначајните ликовни медиуми, која по постапката и начинот на реализацијата се развива во најразлични изразни и технолошки форми.
На Исток, особено во Кина и Јапонија графиката има многу подолга традиција. Првите печатени дела во Кина датираат од крајот на 2 век. Изработката на графиката во овие две земји е донесена до совршенство, особено со педантноста, студиозноста, прецизноста и сложената занаетчиска постапка која обединува и печатење на графики во боја.
Поделбата на графиките, зависи од начинот на нивното печатење како и техниката и технологијата за нејзиното реализирање. Во суштина постојат три методи за реализација на графичкото дело:
Оваа техника на висок печат е обработка на плочата - матрицата на која што линиите и формите што сакаме да ги втиснеме на хартијата се на површината од матрицата а оние што не треба да бидат отпечатени, втиснати се под површината на матрицата.
Оваа техника подразбира - цртежот што сакаме да го втиснеме на хартијата од матрицата да се врежува во плочата. При печатењето, површината на плочата останува чиста и без боја, а врежаните линии и форми се исполнети со боја која потоа се втиснува на хартијата. За графички подлоги, матрици, вообичаено се користат плочи од бакар, цинк, алуминиум, плексиглас. Цртежите се внесуваат на два начина: механички или хемиски.
Техниката на рамен печат подразбира печатење на цртежот и формите преку рамна плоча.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.