Двоглед
From Wikipedia, the free encyclopedia
Двогледот — инструмент составен од пар идентични телескопи поставени еден до друг кои се порамнети во точка во иста насока, што му овозможува на гледачот да гледа далечни објекти со двете очи (бинокуларен поглед). Големината на двогледот варира од мали двогледи прилагодени за гледање претстави до големи воени двогледи.
За разлика од телескопите и моноклите, двогледот дава тридимензионална слика. Имено, како што објетивите се поместени, даваат различна слика, што на гледачот му дава чувство на длабочина на просторот.