Дела 16
глава од библиската книга Дела на светите апостоли / From Wikipedia, the free encyclopedia
Дела 16 — шеснаесетта глава од книгата „Дела на светите апостоли“ на Новиот завет. Го обработува второто мисионерско патување на Апостол Павле придружуван од Апостол Сила и Тимотеј. Авторот на книгата која ја содржи оваа глава е анонимен, но општоприфатен став во ранохристијанската традиција е дека нејзин автор е апостолот Лука Евангелист, кој исто така го напишал и Евангелието според Лука.[1]
Кратки факти Книга, Категорија ...
Дела 16 | |
---|---|
← Глава 15 Глава 17 → | |
Дела 15,22–24 на латински (лево) и грчки (десно) од Лодовиот ракопис, 550 г. | |
Книга | Дела на светите апостоли |
Категорија | Црковна историја |
Во Библијата | Нов завет |
Ред. бр. во Библијата | 5 |
Затвори
Најголемиот дел од оваа глава раскажува за воспоставувањето на христијанството во Македонија, како прво меѓу народите на Европа.