Евангелие според Лука
From Wikipedia, the free encyclopedia
Евангелие по Лука (грчки: Κατὰ Λουκᾶν εὐαγγέλιον) или Евангелие според Лука (τὸ εὐαγγέλιον κατὰ Λουκᾶν) — третото и најдолго од четирите канонски евангелија во христијанската Библија од Новиот завет. Ова синоптичко евангелие го опишува животот и мисионерството на Исус од Назарет. Во негосе опишани настаните од раѓањето на Исус до неговото Воскресение.
Авторот на ова евангелие е Апостол Лука, често нарекуван и Евангелист. По занимање, Лука бил лекар и долгододишен соработник со апостол Павле во Антиохија, Сирија. Во преден план, евангелието на Лука било наменето за христијанските заедници, кои се состоеле претежно од луѓе кои претходно верувле во паганските обичаи или пак евреи. Лука го создал евангелието на начин според кој читателот може во Исус да го препознае Бог. Некои делови, како Параболата за непослушниот син и Параболата за добриот Самаритјанин се споменуваат само во ова евангелие. Исто така, ова евангелие дава посебен акцент на молитвата и улогата на Светиот Дух.[1]
Освен ова евангелие, се смета дека апостол Лука ги напишал и Апостолските дела.[2]Всушност, Делата на светите апостоли и Евангелието на Лука во некои изданија на Библијата биле претставени како една книга.[3]И двата ракописи започннуваат со обраќањето на Лука кон “Теофил“ за кој се смета дека е или некоја титула односно чин или некоја личност, кој очигледно имал одредено претходно познавање за христијанството и можеби бил личност со некаков службен статус, со оглед на тоа што Лука му се обраќа со титулата „честити” ‡ истата титула со која Павле им се обраќал на Феликс и на Фест, римски управители во Јудеја.
Некои современи критичари сметаат дека апостол Лука, слично како Апостол Матеј, за создавањето на својот ракопис се потпирал врз основа на Евангелието според Марко. За создавањето на евангелието постојат повеќе тврдења. Некои сметаат дека тоа било направено некаде кон 60-тите години од I век,[4][5] или пак кон крајот на I век.[6]