From Wikipedia, the free encyclopedia
Обреновиќ (српски: Обреновићи) биле српска владетелска династија во периодот помеѓу 1815-1903, со исклучок на 1842-1858 година. Според едно предание, предците на Обреновиќи се доселиле од Бањани во Брусница во 1700 година, а потекнувале од Копривица.
Династија Обреновиќи | |
---|---|
Претходна династија | Мартиновиќ, Орловиќ |
Земја | Србија |
Прпадност | Срби |
Основана | 1815 |
Основач | Милош Обреновиќ I |
Тековен владетел | изумрени |
Последен владетел | Александар Обреновиќ |
Титули | кнез, крал |
Имот | Србија |
Распад | 1903 |
Нејзин основач бил кнезот Милош Обреновиќ, водач на Второто српско востание, а последен владетел од оваа династија бил Александар Обреновиќ. Во текот на владеењето на династијата Обреновиќи, Србија се стекнала со независност за време на Берлинскиот конгрес, а во март 1882 година било прогласено Кралството Србија.
Освен владетелите, значајни членови на династијата се и нивни сопруги се: кнегињите Љубица и Јулија, кралиците Наталија и Драга, потоа браќата на кнезот Милош - Јован и Јеврем Обреновиќ, како и војводата Милан Обреновиќ. Меѓу познатите членови на оваа династија се вбројува и Велимир Михаило Теодоровиќ, вонбрачен син на кнезот Михаило.
Семејното дрво на Обреновиќи започнува со Обрен Мартиновиќ (?-1777) и Вишња (?-1817), од фамилијата Урошевиќ или Гојковиќ, тие својот брак го склучиле во 1765 година и имале двајца сина и една ќерка: Јаков, Милан и Стана. Обрен бил од Брусница, а Вишња од Долна Трепча. По смрта на Обрен, Вишња се омажила за Теодор Михајловиќ од Горна Добриња, а со него ги имала синовите Милош (идниот кнез), Јован и Јеврем. Подоцна, Јаков и Милан ја повикале својата мајка во Брусница со децата од својот втор брак. Милош, Јован и Јеврем го прифатиле презимето на своите полубраќа - Обреновиќ, меѓутоа го додале и презимето на својот татко - Тодоровиќ.
Тодор Михајловиќ е закопан во Горна Добриња во црквата св. Петар и Павле која била изградена од кнезот Милош на местото на постара црква [1]. Јаков Обреновиќ со сопругата Ѓурѓија и Милан Обреновиќ со сопругата Стоја, се закопани во црквата св. Никола во Брусница.
Династијата Обреновиќи денес официјално нема машки потомци. Меѓутоа, постојат потомци на Јаков Обреновиќ по машка линија, тие во 1851 година го промениле своето презиме во Јаковлевиќ поради динстичкиот судир со Караѓорѓевиќите. Пред општинскиот суд во Горњи Милановац, Србољуб и Слободан Јаковлевиќ докажале дека се директни потомци по прва машка линија на Јаков Обреновиќ, братот на основачот на династијата [1].
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.