Српски јазик

From Wikipedia, the free encyclopedia

Српски јазик
Remove ads

Српски јазикјужнословенски јазик и стандардизирана норма на српскохрватскиот јазик. Српскиот е службен јазик во Србија, Косово и Република Српска (Босна и Херцеговина), а се користи и во делови на Црна Гора и Хрватска и населените места кои се сметаат за српска дијаспора.

Кратки факти Српски јазик, Застапен во ...
Thumb
Српски јазик (2006)

Во српскиот јазик, зборовите се пишуваат како што и се изговараат, и секоја буква претставува еден глас. Овој фонетички принцип е претставен во поговорката: "Пишувај како што зборуваш, читај како што е напишано", принцип користен во повеќе балкански јазици.

Друга одлика на српскиот јазик е што тој се пишува на две азбуки: кирилица и латиница. Двете азбуки се речиси еднакви, а единствена разлика е во користењето на буквите. Ова е последица на историски причини, имено делот од српската популација кој бил под влијание на Австроунгарија пишувал на латиница, а другиот дел кој бил под влијание на Византија пишувал на кирилица. Денес, сите образовани луѓе ги познаваат и двете азбуки.[се бара извор]

Remove ads

Граматика на српскиот јазик

Именки

Падежи и деклинација на именки

Во српскиот јазик има седум падежи: номинатив, генитив, датив, акузатив, вокатив, инструментал и локатив. Кога именките се деклинираат, акцентот се менува за датив и локатив.

Повеќе информации Еднина, Класа I - м.р. I прозор ...
  • Во зборовите од III-тата класа во инструментал еднина завршетокот може да биде -ју. Некои зборови претрпуваат промени, како на пример: љубав се менува во љубављу или младост станува младошћу и смрт станува смрћу
  • Еднослоговните зборови што завршуваат на -о се деклинираат на овој начин.
  • Именките нога, рука, око, уво (мак. нога, рака, око, уво) кои како делови на ловечкото тело доаѓаат во пар, имаат форми на генитив множина со завршеток : ногу, руку, очију, ушију.

Како да се одредат кои именки спаѓаат во кои класи:

  1. Ако именката завршува на согласка, најверојатно таа спаѓа во првата класа за м.р.
  2. Ако именката завршува на самогласките – o, или -e во еднина, тогаш таа спаѓа во првата класа на с.р. Но сепак некои машки имиња не спаѓаат во оваа класа.
  3. Ако именката завршува на – a, тогаш таа е втора класа во ж.р. Исто така има и некои машки именки што имаат женски завршетоци на – a, (пр: судија).
  4. Именките на класа III се skoro сите од ж.р. и завршуваат на согласки. Тие се разликуваат од првата класа поради тоа што тие означуваат апстрактни именки (пр: љубав, смрт, болест, младост). Но, именките како гост, мост, прст се од м.р.

Придавки

Промена

Придавките имаат три рода (машки, женски и среден), седум падежи (номинатив, датив, генитив, акузатив, инструментал, локатив и вокатив кој е формално еднаков на номинативот), два броја (еднина и множина) и две промени (определена и неопределена). Неопределената промена според завршетоците е еквивалентна на промената на именките. Определената промена е специфична само за придавките и се разликува од неопределената, и по форма и по значење.

Повеќе информации Определена промена, Еднина ...

Компарација на придавки

Придавките имаат три степени: позитив, компаратив и суперлатив.

Повеќе информации Еднина, М.Р. ...

Глаголи

Помошни глаголи

Глагол јесам

Нема инфинитив и има само сегашно време:

Повеќе информации Лична заменка, Сегашност ...
Глагол бити

Овој глагол е ист со македонскиот помошен глагол сум.

Повеќе информации Лич. заменка, Сегашност ...
Правилни глаголи
Повеќе информации Лич. заменка, Сегашност ...
Неправилни глаголи
Повеќе информации Лич. заменки, Сегашност ...

Предлози

Повеќе информации Предлог, Падеж ...
Remove ads

Споредбена лексикологија

Кратки факти
Повеќе информации Македонски јазик, Хрватски јазик ...
Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads