Дунавски Вилает
From Wikipedia, the free encyclopedia
Дунавски вилает (турски: Tuna Vilayeti) бил вилает на Отоманското Царство кој постоел од 1864 до 1878 година.[1] Кон крајот на 19 век опфаќал територија од 88.400 km2.[2]
Вилаетот бил формиран како последица на административните реформи на Отоманското Царство од 1864 година, од северните делови на Силистра, по должината на реката Дунав. Опфаќал голем дел од територијата која денес влегува во Бугарија (вклучувајќи ја и Јужна Добруџа), како и делот од Романија познат како Северна Добруџа.
Вилаетот престанал да постои по Руско-турската војна (1877-1878),кога нејзиниот североисточен дел (Северна Добруџа) бил припоен кон Романија, некои западни делови кон Србија, додека централниот и јужниот дел кон Кнежевство Бугарија.