From Wikipedia, the free encyclopedia
Еврипид (грчки: Εὐριπίδης) (околу 480 п.н.е.–406 п.н.е.) бил последниот од големата „тројка“ драматурзи-трагичари на античка Атина, заедно со Есхил и Софокле. Еврипид се смета за еден од најзначајните поети на античката трагедија.
Еврипид е роден на островот Саламина, а умрел на дворот на македонскиот крал Архелај во Пела. Во неговите млади години, врз него влијаел неговиот учител, остроумниот филозоф Анаксагора, а подоцна во неговиот духовен развој се гледа силно влијание на софистите. Биографите како негови учители ги наведуваат Архелај, Анаксагора и Сократ. Се претпоставува дека имал своја лична библиотека. Не се знае многу за неговиот живот, но живеел повлечено, посветен на книжевноста. Тој не бил политички активен ниту влегол во државна служба. На повик на македонскиот крал Архелај, кој настојувал да привлече познати уметници на својот двор, Еврипид заминал за Пела во 408 п.н.е. и умрел во Македонија. Поради тоа, Есхил паднал во немилост кај своите земјаци, кои го рехабилитирале дури по неговата смрт, поставувајќи му биста во театарот, заедно со оние на Софокле и Есхил.[1] Исто така, тој имал свое обележје (кенотаф) крај патот кој водел до Пиреја, во близина на гробот на поетот Меандар.[2]
Кога Еврипид почнал да пишува трагедии, настојувал на дотогашната обработка на древните митови што ја правеле Есхил и Софокле, да им даде нова душа. Еврипид од митот ја земал голата содржина, а сè друго разработувал на свој начин и во драмското дејство внесувал сопствени мисли и погледи на светот.
Многу негови трагедии личат на обични драми, имаат долги монолози кои претставуваат филозофски размислувања за животот и проблемите од тоа време. Еврипид е филозофски настроен, но има трагедии во кои има вистинска лирска трагедија. Многу трагедии немаат внатрешна драмска поврзаност. Еврипид често на крајот на трагедијата внесувал божество, кое ја расплеткувало трагедијата.
Еврипид извршил влијание врз римските писатели Сенека и Овидиј, а преку нив подоцна и врз целата европска книжевност. Така, Аристотел за него рекол дека е „најтрагичниот трагичар“. За Еврипид може да се каже дека од неговата сцена прозвучел елементарниот живот, „верното огледало на тој живот“.[1] Сократ го сметал Еврипид за свој пријател, поетот Менандар му се восхитувал, а Софокле тагувал кога дознал за неговата смрт. Говорејќи за него, Гете вели дека, иако кај Еврипид има грешки, сепак тој е чесен соборец на Софокле и на Есхил.[3]
Најважни дела на Еврипид се:
На македонски се преведени следниве драми:[4]
„Еврипид“ на Ризницата ? |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.