Грчки јазик

From Wikipedia, the free encyclopedia

Грчки јазик
Remove ads

Грчкиот јазик (грчки: Ελληνικά; МФА: [e̞ˌliniˈka]) е индоевропски јазик кој се зборува главно во денешна Грција.

Кратки факти Грчки јазик, Изговор ...
Кратки факти

Грчкиот јазик се зборува од повеќе од 12 милиони луѓе од кои највеќе се концентрирани во Грција, но исто така и во Кипар, понатаму во Албанија и другите балкански земји, Египет, Италија, Романија, Турција, Украина, како и во многу други земји каде што постои грчка дијаспора.

Грчкиот е службен јазик во Грција, каде што го зборува околу 99,5% од населението.[се бара извор] Заедно со турскиот јазик, грчкиот е службен и во Кипар. Бидејќи Грција и Кипар се членки на Европската Унија, јазикот е еден од 20-те службени јазици на Унијата. Има статус на малцински јазик во делови на Италија и Албанија.

Remove ads

Потекло

Грчкиот јазик има документирана историја стара околу 3.000 години, подолго од било кој индоевропски јазик.[6] Постојат податоци дека грчкиот јазик бил зборуван во Микена уште од 15 и 14 век п.н.е. што го прави еден од најстарите јазици - од него постари се само ведскиот санскрит и јазиците на Анадолија. Старогрчкиот јазик во своите различни форми е јазикот на класичната грчка цивилизација и на првобитното европско христијанство, и претставувал прв или втор јазик во повеќе делови на Римското Царство.[се бара извор] Се предава во школи и универзитети во многу земји за време на ренесансата и по неа. Современиот грчки, кој се разликува во многу погледи од старогрчкиот сè уште е препознатлив како ист јазик (со мали разлики), активно е зборуван од околу 12 милиони луѓе ширум светот, повеќето од кои живеат во Грција. Грчкиот јазик традиционално се пишува со посебната грчка азбука - првата азбука што воведува самогласки. Грчката азбука постои од 9 век п.н.е.

Remove ads

Особености

Грчкиот јазик има комплексна граматика. Таа вклучува девет глаголски времиња, четири падежи (Номинатив, Акузатив, Генитив и Вокатив) и три рода (машки, женски и среден). Карактеристично за именките во грчкиот јазик е што тие секогаш се пишуваат со соодветниот член за родот на кој таа именка припаѓа. Дури и множинските форми имаат различна форма на членот во зависност од родот, слично на албанскиот јазик (за разлика од некои индоевропски јазици како германскиот во кој членот на множинската форма е ист за сите родови). Исто така личните заменки во трето лице еднина и множина варираат во зависност од родот.

Remove ads

Грчка азбука

Грчкиот јазик е пишуван со алфабета од приближно 9 век п.н.е. Таа била создадена со модифицирање на феникиската азбука, и со додавање на нови букви кои ги претставуваат самогласките. Варијантата на азбуката што се користи и денес е во суштина доцната јонска варијанта, воведена за пишување на клсичниот атички во 403 п.н.е. Во класичниот грчки, како и во класичниот латински, постоеле само големи букви. Малите грчки букви биле развиени многу подоцна од средновековните писци за да се овозможи побрз, погоден ракописен стил на пишување со употреба на мастило и перо.

Современата грчка азбука има 24 букви, при што секоја има различна форма за мала и голема буква. Буквата сигма има дополнителна форма за мала буква (ς) која се користи кога се наоѓа на крајот на зборот:

Повеќе информации големи букви, мали букви ...

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads