Евроазиска кафеава мечка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Евроазиската кафеава мечка е под-вид на кафеавата мечка, позната и под името „обична кафеава мечка“. Во минатото, кафеави мечки се среќаваа од Ирска на запад до Јапонија на исток, и од Нордкалотен на север до планината Атлас на југ. Денес кафеавата мечка се смета дека е истребена во регионите на планината Атлас, Британија и Ирска, но сѐ уште ги има низ Европа и Русија. Мали популации кои се во опасност од истребување се среќаваат на Пиринеите (на границата помеѓу Франција и Шпанија) и на планините Абруци и долината Трентино во Италија. Изолирани популации има и на Балканот, односно Словенија, Бугарија, Романија и Македонија. Најголемиот број на кафеави мечки се наоѓаат во Русија, кои сепак во минатото беа блиску до истребување поради неконтролираниот лов пред Руската револуција во 1917. Поголеми популации има источно од планината Урал, поточно во сибирските шуми, делови од централна Азија (бивши советски републики), Авганистан, Кашмир, Индија, централна Кина и островот Хокаидо во Јапонија.
Евроазиска кафеава мечка | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Цицачи |
Ред: | Carnivora |
Семејство: | Ursidae |
Род: | Ursus |
Вид: | Ursus arctos |
Триномен назив | |
Ursus arctos arctos Linnaeus, 1758 |