Европско првенство во фудбал за играчи под 21 година 2017
From Wikipedia, the free encyclopedia
Европско првенство во фудбал за играчи под 21 година 2017 — 21. издание на европските првенства во фудбал за играчи под 21 година, фудбалско натпреварување кое се одржува на секои две години за репрезентациите за играчи под 21 година, организирано од страна на УЕФА.
Европско првенство во фудбал за играчи под 21 година 2017 Европско првенство во фудбал за играчи под 21 година 2017 | |
---|---|
Општо за првенството | |
Домаќин(и) | Полска |
градови | 6 |
стадиони | 6 |
Период на одржување | 16 јуни — 30 јуни 2017 |
Број на учесници | 12 |
Распределба на медалите | |
Шампион | Германија |
Второ место | Шпанија |
Трето место | Англија Италија |
Статистички податоци за првенството | |
Посетеност | 244.085 (11.623 по натпревар) |
Одиграно натпревари | 21 |
Дадено голови | 65 (3.1 по натпревар) |
Најдобар стрелец | Саул Нигес (5 гола) |
Најдобар играч | Дани Себалјос |
← 2015 2019 → |
Завршниот турнир ќе биде одржан во Полска од 16 до 30 јуни 2017 година, откако нивната понуда била избрана од страна на Извршниот комитет на УЕФА на 26 јануари 2015 година во Нион, Швајцарија.[1] Играчи родени на или по 1 јануари 1994 година ќе можат да земат учество на турнирот.
На 24 јануари 2014, УЕФА потврдила дека бројот на учесници на завршниот турнир 2017 ќе биде зголемен од 8 на 12 екипи.[2]
Германија ја освоила титулата победувајќи ја Шпанија во финалето во Краков со 1-0.[3]