Европско првенство во фудбал за играчи под 21 година 2015
From Wikipedia, the free encyclopedia
УЕФА Европското првенство за играчи под 21 година - 2015 било 20-тото Европско првенство за играчи под 21 година, фудбалско натпреварување кое се одржува на секои две години за репрезентациите за играчи под 21 година, организирано од страна на УЕФА. Завршниот турнир ќе биде одржан во Чешка од 17-30 јуни 2015 година, откако нивната понуда била избрана од страна на Извршниот комитет на УЕФА на 20 март 2012 година во Истанбул, Турција.[1]
Европско првенство во фудбал за играчи под 21 година 2015 УЕФА Европско првенство за играчи под 21 година - 2015 | |
---|---|
Општо за првенството | |
Домаќин(и) | Чешка |
градови | 8 |
стадиони | 4 |
Период на одржување | 17 јуни — 30 јуни 2015 |
Број на учесници | 8 |
Распределба на медалите | |
Шампион | Шведска |
Второ место | Португалија |
Трето место | Данска Германија |
Статистички податоци за првенството | |
Посетеност | 144.127 (9.608 по натпревар) |
Одиграно натпревари | 15 |
Дадено голови | 37 (2.47 по натпревар) |
Најдобар стрелец | Јан Климент (3 гола) |
← 2013 2017 → |
Педесет и две репрезентации учествувале во квалификациите, кои се одвивале помеѓу март 2013 и октомври 2014 година, за да се добијат седумте земји кои му се приклучиле на финалниот турнир на домаќинот. Фудбалерите родени на или по 1 јануари 1992 година, имаат право да учествуваат на турнирот.[2]
Бранител на титулата требало да биде Шпанија, која ја обезбедила својата втората последователна титула со победата над Италија со 4-2 на претходното првенство во 2013 година во Израел. Сепак, Шпанија не била во можност да ја брани својата титула, бидејќи биле елиминирани од страна на Србија во квалификацискиот-бараж.
Во финалето, играно на Еден Арена во Прага, Шведска ја победила Португалија со 4-3 на пенали, откако по 120 минути игра натпреварот завршил 0-0. Притоа, шведската репрезентација ја освоила својата прва титула во ова натпреварување, откако претходно загубиле во финалето во 1992, обезбедувајќи ја првата титула во младинските натпреварувања организирани од УЕФА.
Со пласманот во полуфиналето, Данска, Германија, Португалија и Шведска, исто така, се квалификувале за Летните олимписки игри 2016, кој ќе се одржат во Бразил.[3]