Ернан Креспо
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ернан Хорхе Креспо (роден на 5. јули 1975. година во Флорида) — аргентински фудбалски тренер и поранешен играч, на позицијата напаѓач. Во моментов ја води екипата на Саун Пауло.
Ернан Креспо | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 5 јули 1975(1975-07-05) (48 г.) | ||
Роден во | Флорида, Аргентина | ||
Држава | Аргентина | ||
Висина | &100000000000001820000001,82 м | ||
Играчки податоци | |||
Позиција | напаѓач | ||
Сегашен клуб | Ал-Духаил (тренер) | ||
Повлекување | 2 февруари 2012 (36 г.) | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
1993-1996 | Ривер Плејт | 62 | (24) |
1996-2000 | Парма | 116 | (62) |
2000-2002 | Лацио | 54 | (39) |
2002-2003 | Интер | 18 | (7) |
2003-2006 | Челси | 49 | (20) |
2004-2005 | → Милан | 28 | (11) |
2006-2009 | Интер | 63 | (20) |
2009-2010 | Џенова | 16 | (5) |
2010-2012 | Парма | 46 | (10) |
Репрезентација ‡ | |||
1996 | Аргентина 23 | 6 | (6) |
1995-2007 | Аргентина | 64 | (35) |
Раководител на екипите | |||
2014–2015 | Парма (примавера) | ||
2015–2016 | Модена | ||
2018–2019 | Банфилд | ||
2020–2021 | Дефенса и Хустисија | ||
2021 | Саун Пауло | ||
2022– | Ал-Духаил | ||
† Учества (Голови). |
Како исклучително плоден стрелец, има постигнато преку 300 голови во 19-годишната кариера. Кариерата ја започнал во Ривер Плејт, а во 1996 година дошол во Европа во италијанската Парма. Во 2000 година го направил најскапиот трансфер, кога од Парма се преселил во Лацио за 56 милиони евра. Во сезоната 2000-2001 бил најдобар стрелец во италијанската Серија А со 26 постигнати гола. Во подоцнежните години од кариерата освоил една титула во Премиер лигата со Челси и три скудета со Интер. Во 2004 година, тој беше именуван од страна на легендарниот Пеле во ФИФА 100 најдобри фудбалери на сите времиња.[1] Креспо никогаш не добил црвен картон во текот на неговата кариера.
За репрезентацијата на Аргентина има постигнато 35 гола и е трет стрелец на аргентинската репрезентација на вечната листа, единствено зад Габриел Батистута и Лионел Меси. Тој учествувал на три Светски првенства: во 1998, 2002 и 2006.